Топ 5 трансфери ако се промени правилото со финансискиот фер плеј

УЕФА во 2011 година ги ограничи клубовите со трансферите со тоа што може да трошат колку што заработуваат. Мишел Платини во интервју за француското радио РТЛ изјави дека правилото добро функционира, но дека ова лето ќе го изменат. Тоа може да донесе бум во овој преоден рок.

Ди Марија во ПСЖ

Аргентинскиот репрезентативец долго време беше поврзуван со францускиот првак, па дури и пред да направи минатото лето трансфер од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед за сума од 84 милиони евра. Тоа е можно да се случи ова лето

Погба во Манчестер Сити

За екстра талентот од Јувентус постојано се зборува за трансфер во некој од европските гиганти. Се поврзуваше со ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона, но според англискиот печат Манчестер Сити за него дава 100 милиони евра.

Гризман во Челси

Жозе Мурињо долго време го мерка фудбалерот на Атлетико Мадрид кој минатата сезона даде 25 голови и направи 6 асистенции. Неговата цена е 43 милиони евра.

Видал во Реал Мадрид

Покрај Погба уште една големо име од средниот ред на Јувентус постојано е дел од трансфер шпекулациите. За чилеанскиот репрезентативец се зборува дека летово е можно да направи трансфер во Шпанија за сума од околу 42 милиони евра.

Де Брујн во Манчестер Сити

Меѓу најголемите можни трансфер во овој преоден рок е и Белгиецот Кевин де Брујн кој имаше фантастична сезона со 16 голови и 28 асистенции. Волфсбург го проценува на 56 милиони евра.