Топ 11 гратис играчи

Изминатово лето некои клубови како Рома, Јувентус и Челси добија квалитетни засилувања со ангажирањето на Мајкон, Љоренте и Ето, но за нив не платија ниту едно евро. Наредниот јунски преоден рок пазарот повторно нуди квалитетни гратис играчи.

Тие доаѓаат од екипи како Челси, Реал, Барселона, Јувентус и ПСЖ и со нив може да се изведе одличен состав кој со оглед на нивните години би се базирал на искуство.

Доколку на овие играчи не им бидат продолжени договорите во наредниот јунски преоден рок, некои екипи повторно ќе се офајдат со одлични засилувања за ич пари. 

Но ова не се сите познати и квалитетни фудбалери кои може да бидат гратис наредното лето. Од многумината играчи без договор може да останат и Камбјасо од Интер, Евра од Манчестер Јунајтед, Лескот од Манчестер Сити, Гомис од Лион и Менес од ПСЖ.

3 декември 2013 - 16:25