Тевез повторно стрела за Сити

Карлос Тевез го прекрши своето ветување дека никогаш повеќе нема да се врати во Манчестер Сити и постигна гол за резервите.

И покрај тоа што пред неколку месеци Карлос Тевез изјавуваше дека во Манчестер Сити го третираат како куче, Аргентинецот ја подвитка опашката и се врати во Англија. Не само што се врати во Манчестер Сити, туку почна повторно да ги тресе мрежите, но засега само во дресот на резервниот тим на Манчестер Сити.

1.000 гледачи дојдоа да го проследат првиот натпревар на Тевез по неговото враќање, а тој на поддршката им возврати со гол во 51-та минута. Неговиот тим ги победи резервите на Болтон со 3:1, а Тевез во второто полувреме беше заменет од Филипо Манчини, синот на менаџерот Роберто.

7 март 2012 - 11:37