Тешко на играчите на ПСЖ ако Мбапе се лути зошто не му ја додале

Шампионите на Франција постигнаа вкупно 10 гола по првите две кола од новата сезона. Ама што фајде кога не знаат да се однесуваат шампионски. Најмалиот во напад почнува да глуми газда. На 23 години.

ПСЖ го декласираше Монпење со 5:2, ама никој не зборува за резултатот, туку за егото на Килијан Мбапе кој после ненормално напумпаниот договор кој му го стокмија за да не оди во Реал, почнува да се поставува над сите.

Низ медиумите кужат три видеа кои се коментираат и на кои може да се забележи неговиот арогантен однос.

Прво го бутка Меси со рамо, а овој чудно го гледа. Во тој момент се движи накај Нејмар за да му ја побара топката и да изведе пенал.

Тоа се случува во 43-та минута од мечот односно 20 минути откако веќе изведе еден и го промаши. Влегува во дискусија со Бразилецот, кој сепак не му ја дава и погодува за 2:0.

Втората ситуација не проаѓа ни во маало. Новото засилување Витиња влече контра, блиску до него го има сам Меси, а Мбапе мафта долу со раката и се откажува од акцијата и тоа уште пред Лео да ја добие топката.

Каков детски однос на Килијан кој престанува да трча зошто не му ја додале.

Пак да им правите вакви договори на фудбалерите, па еден ден на глава ќе ви се качат. Кај нереални 50 милиони евра плата, па уште господинот да имал моќ да учествува во клупските одлуки. На 23 години.

15 август 2022 - 15:05