Сторија за легендарниот Марк Видука

На денешен ден пред 49 години во Мелбурн се родил Марк Видука, фудбалерот кој се прослави во Лидс Јунајтед.

Роден во семејство на хрватски иселеници во Австралија, Видука почнал да игра фудбал во Кроација Мелбурн, тим на хрватската заедница во земјата на кенгурите.

Го паметиме како исклучително снажен центарфор кој ги тероризираше противничките одбрани. Беше силен на топка со градење какво немаше ниту еден шпиц во негово време.

Видука е роден на денешен ден во 1975 година во Мелбурн. Во 1995 година решава да дојде во Загреб и да го облече дресот на трофејниот Динамо. Три сезони играше за „модрите“ за кои на 118 натпревари постигна 65 голови и освои четири шампионски титули и три купа.

Ваквите бројки го препорачаа кај Селтик и Видука потпиша договор со шкотскиот гигант каде за кратко време стана еден од најдобрите играчи во екипата.

Од Глазгов се сели во Лидс Јунајтед каде потврди дека е роден голгетер. Во тимот каде денес игра нашиот Алиоски, Видука беше дел од славната генерација, една од најдобрите во историјата на клубот - Роби Кин, Алан Смит и сонародникот Хари Кјуел.

Во првата сезона на „Еланд Роуд“ Видука постигна 22 гола од кои незаборавни се четирите на еден меч и тоа против Ливерпул. Набрзо после тоа потпиша 5-годишен договор со Лидс во летото 2001 година. Тие сезони беа незаборавни, Лидс стигна дури до полуфиналето на Лига на шампиони.

Голем товар Видука понесе и во следната сезона 2002/2003 кога даде 22 гола на асистенции воглавном од неверојатниот Кјуел.

Откако Лидс западна во сериозни финансиски проблеми кои се чуствуваа години потооа, Видука заигра и за Њукасл и Мидлзборо во Чемпионшип. Кариерата ја заврши во Њукасл во 2009 година. За репрезентацијата на Австралија постигна 11 голови на 43 меча од 1994 до 2007 година.

9 октомври 2018 - 17:06