Статистиката на Канте против Реал после рамазански пост

Не постои тренер во светот кој не би го посакал ова човече во тим. Европа држи многу јаки играчи во среден ред, ама Н`Голо Канте е нешто посебно. Фасцинантноста кај него е што е ултра корисен и клучен на големите натпревари.

“Малиот“ Французин синоќа против Реал Мадрид го имаше еден од најдобрите настапи во дресот на Челси и доминираше против тим кој држи средина, заслужна за четири трофеи во ЛШ во период од пет години.

Кога го гледате Челси, Канте нема шанси да ви излезе од кадар. Ја контролира средината, сече топки, трча напред во контри, асистира, а истовремено стига да покрие и позади.

Каква енергија има овој човек кој е вистински мотор на Сините веќе петта сезона и по кој знае кој пат, имаше суперхеројски настап во ЛШ, најмногу кога беше потребно.

Неговиот перформанс е уште поимпресивен, ако се знае дека го почитуваше и постот за Рамазан.

Погледнете ја статистиката, како и фактот дека и на двата полуфинални меча беше прогласен за играч на мечот.

Инаку Реал Мадрид поднесе жалба против Н'Голо Канте. Тврдат дека ги ставил в џеб Крос и Модриќ и дека не е подготвен да ги пушти :). 

Плус не е ни чаламџија да се појавува со коли од 400.000 фунти. Со Мини Купер си замина синиќа од Стемфорд Бриџ.

6 мај 2021 - 13:12