Слоновите го освоија Црниот континент

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска е нов шампион на Африка, откако вечерва нa пенали ја совлада Гана. Конго го освои третото место.

Брегот на Слоновата коска го освои првиот трофеј на Африканскиот куп на нации после 23 години, кога во речиси идентично финале ја совладаа Гана после пеналите. И тогаш, како и вечерва се шутираше долга серија пенали.

По првите 90' минути, мрежите не се тресеа, иако и двете селекции има шанси да го отворат резултатот. Гана беше поконкретна во првиот, а „слоновите" во вторите 45 минути. Ситуацијата не се смени ниту после продолженијата, по што по петти пат во историјата на финалните дуели на АКН се се изведуваa пенали.

Јунак на вечерта беше 35-годишниот Бубакар Бари, кој најпрвин го одбрани пеналот на голманот на Гана, Разак, а потоа го реализираше и последниот удар во серијата за тирумф од 9-8 на пенали и големо славје на Брегот на Слоновата коска.

До втора титула стигна и селекторот на Брегот на Слоновата коска, Ренар, кој пред три години го освои Африканскиот Куп на нации со селекцијата на Замбија. Во дуелот за третото место, синоќа Конго го совлада домаќинот.

Пенал рулетот: