Славниот син на берберските народи - како Бензема стана легенда на Реал Мадрид

„Како помлад често зборуваше за постерите од Бразилецот Роналдо кои ги имал на ѕидовите во детската соба и за Златната топка“, вели новинарот Арно Рамсаи, биограф на книгите за Анелка и Јури Џоркаеф.

ДРВОТО НА ЖИВОТ НА КАРИМ

Лакехал Бензема, дедото на Бензема живеел во селото Тигзирт близу градот Аит Џелили во северен Алжир. Во ’50-те години тој емигрирал во Лион каде поставил база за неговото семејство. Во алжирски Тигзирт е роден и татко му на Карим, Хафид Бензема, а мајка му Вахида Џебара била родена и израсната во Лион а нејзиното семејство било од големиот град Оран во Алжир.

Првпат на велелепниот „Сантијаго Бернабеу“ Карим Бензема стапнал во ноември 2005-та кога Реал Мадрид го пречека неговиот Лион во Лига на шампиони.

Тренерот Жерар Улие го повикал и младиот Бензема за ова гостување како награда за одличните асистенции до Силван Вилтор по влегување од клупа во октомвриските натпревари со Рен и Ајачо.

Лион во тоа време играше со еден напаѓач, а скоро штотуку го купи Џон Карју (го паметите високиот црномурен норвешки репрезентативец) за 7,6 милиони евра и Бразилецот Фред кој дојде во Лион за 15,6 милиони евра. Поради тоа Карим Бензема остана резерва на клупата. Исто како и на младинското Евро 2004 У-21 кога му беше резерва на Жереми Менез.

Во есента 2005-та и Менез и европскиот шампион од европското У-17 Самир Насри играа на големо за своите екипи така што Карим не бил задоволен што секогаш е резерва, па дури и што тоа е во најголемиот трофеен клуб во Франција во тоа време.

Но после мечот со Реал во Мадрид тренерот Жерар Улие и претседателот на Лион, Олас го бодереле младиот Карим и му подариле дрес од Бразилецот Роналдо со автограм (Феноменот тогаш не беше во составот за тој меч).

„Таа беше незаборавна вечер, бев пресреќен“, рекол Бензема кој од дете го обожавал Роналдо. „Кога го напуштавме Бернабеу си реков себеси дека ќе играм таму некогаш“.

КАРИМ РАСТЕЛ ВО ЗЕЗНАТ РЕОН КАДЕ ОСВЕН ТАЛЕНТИРАНИ ДЕЦА ЗА ФУДБАЛ ИМАЛО И КРИМИНАЛ И НАРКОТИЦИ

Три ипол години после таа вечер, претседателот на Реал Мадрид Перез кој во 2005-та му го дал на претседателот на Лион дресот на Роналдо со автограм, стигнал во Брон, предградие на Лион и заѕвонил на вратата во домот на улица „Јуриј Гагарин“ 33F, каде семејството на Бензема, по потекло од Алжир и северна Африка се доселило уште во средината на ’70-те години.

„Ме викаа Манчестер Јунајтед, Баерн, Милан и Интер, но Мадрид е единствен. Сите мечтаат да стигнат таму. Кога претседателот Перез дојде во Брон, зборуваше со мене на француски и ме убеди дека им требам. Не можев да одбијам. Премин во Реал ми беше мој сон“, се сеќава Карим.

Анри Бајада, еден од луѓето во првиот клуб на Карим од младоста, Брон Терајон, го видел Перез кога доаѓал во нивниот крај. Канцеларијата на Бајада на стадиончето „Лео Лагранж“ има прозори кои гледаат баш на улица Гагарин (во 60-те и 70-те десетина школи, улици, паркови, плоштади биле наречени по славниот Русин, особено во реоните со голема популарност на компартиите).

„Перез дојде во црна кола. Во темно одело и наочари“, се сеќава човекот од управата на малото клупче каде Карим почнал со фудбал.

Во 1994-та година Анри Бајада му пришол на Хафид Бензема и му се пожалил дека неговиот син Карим не го повикале во екипата за новата сезона. „Веќе составот е формиран“, му рекол Бајада на татко му на Карим.

„Видов дека Коко (прекар од детство на Карим) поминува саати и саати со топката и сакав да му помогнам. Овде (област со најголема стапка на криминал во цел Лион) децата или играат фудбал или продаваат дрога“, раскажал Бајада во книгата „Системот Бензема“ „Стекнав многу непријателства во борбата за деца од разни слоеви на општеството да бидат примани во нашиот клуб. Така тогаш инсистирав и Коко да го земат во тимот“.

СЕ УГЛЕДУВАЛ НА ВАН ДЕР САР А НА 15 ГОДИНИ САКАЛ ДА ГО БАТАЛИ ФУДБАЛОТ

Тренерот на малото клупче Брон Терајон Фредерик Риголе раскажал во едно интервју дека Карим не си одел дома од стадиончето „Лео Лагранж“ и не само што сакал да шутира кон голот туку сакал и да брани: „Тогаш се нарекуваше себе ван дер Сар“.

Во првиот тим на Брон Терајон кој игра во пониски лиги, Бензема влегол како универзалец: „Од 4-5-6 години играв на улица со постари и покрупни деца од мене. За да им парирам, морав да стекнам уште поголема брзина и техника. Тоа беше многу корисно искуство“, вели Бензема за весникот Foot Citoyen.

Карим е, верувале или не едно од деветте деца во семејството Бензема. Но тоа не влијаело на родителската грижа.

„Татко ми бараше да ме примат во екипата Брон кога виде дека моите другари тргнаа по лош пат. А мајка ми, иако немаше доволно пари, секогаш наоѓаше како да ми купи нови копачки“, раскажува Карим, денес најдобар играч на најголемиот клуб на светот.

Понекогаш Малика Бензема застанувала на гол колку да му помага на Карим да го вежба шутот од далечина кога немал со кого да игра.

„Таа е главна во вселената на Карим. Она например им објасни на наставниците дека изразот на лицето на Карим не значи мрзливост или ароганција“, вели пријател на семејството на Бензема во книгата за Карим напишана од новинарите Жил Верде и Жак Енен.

Но многу било тешко да се дојде до тренерите во академијата на големиот Лион, гордоста на градот каде сепак Бензема имал среќа да дојде да тренира на 9 години.

Му се погодило што еден од раководителите на младинскиот сектор на Лион, Жерар Боно играл фудбал во клубот Виљербан со вујко му на Карим. 

Во првите години Бензема одел на тренинзи и натпревари од дома, а веќе од 14 години се преселил во луксузниот интернат на Лион. Тоа било кршење на правилата зошто таму право да живеат имале само деца чиј дом е на повеќе од 40 километри од Лион (а реонот Брон е на само три километри од интернатот).

„Но Хафид кажа дека е многу опасно за син му да остане во таква криминална средина и не замоли нас ако можеме да го извлечеме Карим од таму“, се сеќава тренерот на децата во Лион, Роберт Валет во книгата „Системот Бензема“.

Се се сменило коа на 16 години веќе сериозниот фудбалер Бензема дошол во младинците под водство на строгиот тренер Арман Гаридо кој бил воодушевен од Карим и го спремал за сениорски фудбал.

Во јануари 2016-та Бензема ретвитнал статија на L’Équipe за Гаридо со натпис „Идол на младите“.

На Карим многу му помагал и тренерот за физичка подготовка во академијата на Лион Гијом Тора кој направил специјален програм за него па Бензема на 16-17 години пораснал 12 сантиметри за една година и се поправил 6 килограми.

Кога потпораснал, Бензема не ги заборавил своите другари од детството. Карим Зенати кој во 2015-та исто бил инволвиран во големит скандал со рекетирање на репрезентативецот Метју Валбуена, веќе лежел неколку години во затвор за ограбени маркети и продажба на наркотици.

 

Но откако излегол од затвор со помош на Карим ја основал компанијата Best of Benzema која се занимава со реклами и медиумски кампањи со ѕвездата. За ова Зенати заработувал 4.000 евра месечно.

Друг пример, во 2013-та, еден другар на Карим од првиот негов клуб Брон Терајон, Еди Беладе загинал во сообраќајна несреќа а Бензема платил за целата организација на погребот во Алжир.

Откако заминал од родниот крај, Бензема запознал и почнал да се дружи со нови пријатели. Во 2004-та менаџерот на Карим Бензема, Карим Џазири дознал дека 16-годишниот Карим го обожава раперот Роф чија музика ги инспирирала децата во вежбални.

Џазири го запознал Карим со раперот Роф и овие двајца толку се здружиле што во 2007-ма раперот напишал песна за Бензема кој му посветувал важни голови.

Џазири не е прв агент на Бензема. Прво со него почнал Фредерик Гузра кој сепак поголемо внимание посветил на најголемиот француски талент во последните дваесетина години, Хатем Бен Арфа, па родителите на Карим решиле да ја прекинат соработката со него.

„Хатем рано се најде во центар на внимание. Околината му правеше штета. Пример мајка му ми зборуваше дека е два пати поталентиран од Карим“, се сеќава тренерот Жерар Боно.

УЛИЕ ГО РАЗУБЕДИЛ ДА НЕ ОДИ ВО ТОТЕНХЕМ И ГО НАПРАВИЛ ГОЛЕМ ИГРАЧ

На 21 година Бен Арфа скандалозно замина во големиот ривал Марсеј, а Карим постепено си го трасираше патот (иако на 15 години добил понуда од Сошо на кој за младинците му дал четири гола).

Во јануари 2005-та првпат заиграл за Лион во Лига 1. Во 78’ минута од мечот со Мец влегол од клупа за резерви наместо легендарниот Сидни Гову и набрзо му асистирал на Бриан Бергуњо. , а во декември истата година, само две недели откако добил дрес со автограм од Роналдо во Мадрид, Бензема го постигнал и првиот гол во Лига на шампиони, против Розенборг.

„Го обожаваше Роналдо и пробуваше да го копира неговиот начин на игра. Исто многу зборуваше и со Жунињо Пернамбукао и вежбаше шутеви со голманот Реми Веркутро. Јас му ја развивав спосноста да игра тимски фудбал. Имав одлично односи со татко му Хафид. Еднаш ми подари шише розе вино специјално од Алжир“, раскажал во една прилика легендарниот тренер Улие и додал:

Во 2006-та Карим доби понуда од Тотенхем. Јас му објаснив на Хафид (татко му на Бензема) дека сум донел многу млади таленти во Ливерпул и знам за што зборувам: Карим не беше спремен за Англија и мораше да почека. Тогаш тој се согласи со мене остана и во втората година под мое раководство многу напредуваше. Карим веќе активно се интересираше за тактика и ме слушаше внимателно. А јас му објаснив дека ќе го ставам левокрилен напаѓач како Тиери Анри за да почесто шутира со десна“. 

Во ноември 2006-та Рајмон Доменек првпат го повика Карим Бензема за репрезентацијата на Франција и тоа ги зачуди сите зошто на списокот го очекувале 18-годишниот вундеркинд на Ривер Плејт, Гонзало Игуаин, роден во Брест.

Карим тогаш не дебитираше за триколорите поради повреда на бутен мускул. Но се запознал со Никола Ањелка кој одамна играше надвор од Франција.

Менаџерот на Карим, Џазири му договорил интервју на биографот на книгата за Ањелка, Арно Рамсеј кој сакал да пишува и книга за Бензема.

„Тогаш во него како да имаше спој на срам и самодоверба. Многу зборуваше за тоа дека во детството лепел постери со Бразилецот Роналдо на ѕидовите и дека сонува Златна топка“.

7 април 2022 - 10:32