Симеоне го уништи Јуве за 3 минути

Внимавајте сезонава на Верона која игра убав фудбал под водство на Игор Тудор и која гази против големите екипи. По четирите гола против Лацио, син му на Диего, Џовани Симеоне ги змрзна Бјанконерите со два комада во 11 и 14 минута за нова голема победа од 2:1, а нов шок за Алегри после поразот дома од Сасуоло.

Пред да го погледнете хајлајтсот, прво се гледа вториот гол на 26 годишниот Симеоне.

Инаку против големите екипи, освен поразот од Интер со другите ги бележат сезонава следниве резултати: Ја победија Рома 3:2, Лацио го декласираа со 4:1, а сега им потклекна и Јуве со 2:1. Го имаа и Милан на полувреме 0:2 на гости, ама росонерите им ја свртеа во второ.

31 октомври 2021 - 00:30