Што се случуваше на стадионот Диего Марадона кога Наполи го освои Скудетото?

Додека Наполи бркаше нерешено во Удине на гости, сосема доволно за математички да ја освои титулата, вистинската фешта се спремаше на стадионот во Неапол кој крцаше до последно место. Навивачите беа во делириум кога Виктор Осимен израмни во 52 минута, а потоа спикерот го означи крајот на спектакуларен начин.

Спикерот: „Во моментов е 22 часот и 37 минути, а датумот е 4 мај 2023-та. Внимавајте добро, Наполи по 33 години е шампион на Италија“.

5 мај 2023 - 08:33