Што е работата меѓу Конте и Интер?

Од прилично нејасни причини, тренерот на Интер речиси неколку месеци делува незадоволно, разочарано, депримирано, иако има годишна плата од 11 милиони евра и фантастичен буџет на располагање и освои две сребра.

Веднаш после последниот меч во Серија А сезонава против Аталанта (Интер победи 2:0 и заврши втор на табела со само бод зад шампионот Јувентус), Антонио Конте во микс-зоната требаше да каже неколку банални реченици колку ради реда. Но не испадна така.

Некогашниот тренер на Јувентус и селектор на Италија се жалеше за отсуство на поддршка за него лично и за играчите. Продолжи како „работата на секој во клубот треба да биде оценета на крајот од сезоната). Додаде и дека меѓу Интер и Пиемонт пропаста не е само на терен туку и надвор од него.

Ова потсети на еден говор на претходникот на Конте, Лучано Спалети кој изјави дека во клубот одамна живее „крт“ кој во јавноста открива валкан веш од соблекувална: за тепачката на Манчини и Јоветиќ, за проблемите на Икарди, за проблем меѓу Брозо и Лукаку итн.

Спалети потсети и дека новинарите знаеле дека Интер нема да оди на турнеја по Кина иако таа информација ја знаеле само пар луѓе.

Кој во клубот е на висока должност многу години и има информации од прва рака? Прв на пример паѓа Пјеро Аузилио. Втор е Луиџи Крипа, шеф на прес-службата на Интер (десно од Манчини на сликата долу)

Но Пјеро Аузилио кој е оперативен директор во клубот, бил во одличен однос со Лучано Спалети и со Марота. Тој го спасил Интер од суспензија поради кршење на финансискиот фер плеј.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Конте не мисли на Крипа, ниту на Аузилио ниту пак на Ањели кого некои го означија дека „соли манџа“ во Интер.

„Ова беше тешка година на личен план, многу тешка. Не мислам дека играчите видоа дека нивната работа беше признаена и почитувана, не мислам дека и мојата работа беше признаена и сите добивме мала заштита од клубот.... Со месеци не ругаат и не добиваме заштита. Мојот проблем е во тоа што имам свој поглед на работите, го гледам патот по кој треба да одиме и знам што треба да правиме“, рекол Конте пред неколку дена.

Кога се врати во Италија, Конте сонувал да ја урне репутацијата на евро-лузер (еднаш не пројде група со Реал, Галатасарај и Копенхаген).

Негова главна цел беа Алексис Санчез, Куадрадо, Настасиќ и Наинголан. Поради последниов дури и беше спремен да се раздели со Видал.

Но наместо Настасиќ во Јувентус му го потпишаа 33-годишниот Евра, наместо Алексис му го донесоа Мората (при што Реал Мадрид го задржи правото на откуп што многу го налутило Конте), Наинголан ја одбра Рома а Марота не го сакал Куадрадо. Наместо Колумбиецот на Конте му го понудиле Итурбе кој подоцна заврши во Рим.

Тогаш Конте одби да го продолжи договорот со Јувентус и на прес-конференција пред почетокот на сезоната го пратил Љоренте место него, ја обвинил управата за отсуство на поддршка и замина.

После точно 4 години Конте со скандал беше отпуштен од Челси, практично поради идентичен конфликт: несогласување со трансфер политиката (Рудигер, Емерсон, Мората наместо Ван Дајк, Сандро и Лукаку). Се жалеше Конте дека Марина Грановскаја и Роман Абрамович недоволно го поддржуваат.

Кога дојде во Интер, во ноември екипата имаше 3 од 3 победи во Серија А, ги победи Дортмунд и Спарта Прага, но никакви коментари од претседателот не добиле. 

Според последните сознанија на италијанските инсајдери, Конте има трансфер несогласувања со младиот претседател на Интер, Кинезот Стивен Жан и со Бепе Марота.

Марота и компанијата Сунинг го гледаат Интер млад и италијански (Барела, Сенси, Тонали, Бастони), наместо со познати имиња (Ериксен и наводно Меси).

За Конте најважна е издржливоста и искуството на играчите. Оттука тој се реши за Мозес, Јанг, Лукаку, Гаљардини.

После тешкиот пораз од Дортмунд, Конте изјави:

„Освен Годин во оваа екипа никој ништо не освоил. Од кого да барам повеќе: Од Барела кој дојде од Каљари? Од Сенси од Сасуоло? Можам да им заблагодарам на сите свои играчи кои го дадоа максимумот. Но на терен излегуваат постојано едни исти фудбалери, допуштивме грешки во подготовка на сезоната“.

Наводно и Ашраф Хакими, десниот бек кој дојде од Реал бил „маротовски“ не „контевски“.

Годишната плата на Конте е 11 милиони евра со што важи за еден од најскапите тренери на светот, а притоа има уште 2 години од договорот (Спалети заработуваше 5 милиони годишно).

24 август 2020 - 14:47