Шпицот на Ајакс кој даде гол, нападнал роднина со нож и го чека затвор

28-годишниот центарфор на Ајакс и холандската репрезентација ја запрепастил холандската јавност откако во полиција дошол негов роднина кој пријавил дека Квинси го нападнал со нож и го ранил.

Во саботата вечер холандскиот репрезентативец Квинси Промес му помогна на Ајакс да го разбие Цволе со 4:0. Центарфорот четврти пат сезонава одигра 90 минути и постигна гол.

После мечот на профилот на Квинси Промес се појавила и радосна објава за постигнатиот гол. Но на тренинг во неделата Квинси не се појавил. Го уапсила полиција и го преместила во соба за испрашување. Оваа вест дојде како шок за холандската, но и пошироката фудбалска јавност.

Полицијата во Амстердам прво соопштила дека е приведен 28-годишен маж по пријава за напад со нож. Поради правото на приватност според законите, идентитетот на Квинси Промес отпрвин не бил откриен.

Но брзо го отриле новинарите кои сфатиле дека е уапсен напаѓачот на Ајакс. Но целата работа е што делото било на крајот од јули годинава, кога Квинси со нож во колено ранил некој негов роднина кој дошол на вечера во неговата вила во градот Абкауде кај Утрехт.

Квинси Промес оваа вила ја купил во летото 2014-та за 1,3 милиони евра. Има 250 квадрати, шест соби, гаражи, базени и што уште не. 

Полицијата не го открила името на повредениот, а сведоците на настанот сведочеле деа ситуацијата можела да биде многу поопасна ако не ги разделеле на време.

Мажот ранет со полиција се обратил во полиција пред еден месец. Прашање е зошто Промес е уапсен сега а не тогаш кога е пријавен.

Претставник на полицијата, Јелмер Гердс изјавил дека истрагата почнала пред 1 месец, а вработените во полиција дури во неделата ги собрале сите докази неопходни за апсење. Холандски De Telegraaf пренесува дека на Квинси Промес му се заканува затворска казна во должина до 4 години.

Квинси Промес во меѓувреме покрај фудбалот, почна активно да се занимава и со музика па снимил рап песна во дует со раперот Djaga Djaga (350.000 следбеници месечно на Sportify) кој служи 18-годишна затворска казна за соучество во убиство. За 4 години во затвор овој рапер објавил три албуми, а сите стихови ги запишувал н ателефон.

Квинси Промес и во минатото имаше проблеми со законот откако во летото 2018-та бил приведен на Ибица поради напад на девојка. Цела ноќ поминал во станица и излегол по платена кауција. Како играч на Севиља го казниле и поради возење во пијана состојба.