Шпанија првпат во историја оди на големо првенство без играчи од Реал

Селекторите на репрезентациите учесници на Евро2020 веќе ги објавуваат конечните списоци на фудбалери. Во понеделникот Луис Енрике ги прочита имињата на шпанските фудбалери кои ќе играат на Европско ама нема ниеден од Реал Мадрид.

Луис Енрике решил да не ја користи понудената опција од УЕФА секоја репрезентација да може да има максимум 26 фудбалери, се решил на 24 а меѓу нив нема ни еден од „кралскиот клуб“.

На списокот репрезентативци се наоѓа речиси анонимниот голман на англиски Брајтон, Роберт Санчез кој само сезонава почнал да брани во Премиер лига а минатата бил позајмен во Рочдејл.

Повикан е и билдерот Адама Траоре од Вулверхемптон. Нив друштво им прави уште еден „премиерлигаш“, Емерик Лапорт кој доби дозвола и документи да заигра за Шпанија иако пред пар години беше повикуван во репрезентацијата на својата земја Франција.

Го нема капитенот и најискусниот од сите, Серхио Рамос.

„Јасно е дека тој (Рамос) е надвор од списокот зошто од јануари не може да игра во права кондиција. Не беше лесна одлука, синоќа му соопштив. Не беше лесно, беше непријатна одлука зошто Рамос секогаш беше на највисоко ниво но мислам дека оваа одлука е за доброто на екипата“, изјави селекторот на Шпанија Луис Енрике кој додаде и:

„Да можеа да играат Карвахал и Рамос, ќе беа на списокот. Разбирам дека секој клуб сака неговите играчи да бидат повикани во репрезентација, но клубовите исто така бараат и да не се викаат играчи поради календарот. Нив ги нема поради повреди“.

Енрике зборуваше и за Начо од Реал:

„Секако дека несомнено он играше на високо ниво. Но јас сакав да викнам 24 играчи, тоа е моја одлука. Има уште 3-4 фудбалери кои заслужуваат покана во репрезентацијата“.

Поради повреда од списокот отпадна и Лукас Васкез кој во 2018-та играше на Светското во Русија. Тогаш на Мундијалот за Шпанија играа дури 6 фудбалери на Реал: Рамос, Васкез, Карвахал, Иско, Асенсио и Начо.

Европското 2020 ќе стане прв турнир во историјата на кој Шпанија ќе патува без играчи на Реал Мадрид. Претходно најскромно било само на Светско 1950 година кога за „фуријата“ играл само еден 1 играч од Реал Мадрид?: Луис Моловни. На Евро2020 Шпанија ќе има 3 фудбалери од новиот шампион Атлетико Мадрид, тројца фудбалери од Барселона и 18 од останатите шпански клубови.