Саудијците одбија минута молк за жртвите од Лондон

Во квалификациите за Светско 2018, Австралија ја пречека Саудиска Арабија и ја победи со 3-2, но резултатот ќе остане во втор план поради скандалот кој го направија гостите.

Репрезентацијата на Саудиска Арабија го игнорираше едноминутниот молк во сеќавање на жртвите од терористичкиот напад на Мостот Лондон во саботата вечер каде загинаа осум луѓе. Фудбалската федерација на Австралија сакала да изрази жалење и сочуство за загинатите во Лондон меѓу кои имаше и двајца Австралијци, но гостите од Саудиска Арабија се загреваа, трчкараа по теренот на стадионот во Аделаида и не оддаваа почит.

Головите на мечот ги постигнаа Томи Јуриќ 2 и Том Рогиќ за Австралија, а за гостите од Саудиска Арабија Ал Давсари и Ал Сахвали. Во групата Б квалификации за Мундијалот, Јапонија, Саудиска Арабија и Австралија имаат по 16 бодови но Саудијците и Австралијците имаат 8 меча а Јапонија 7.

Сите три селекции му бегаат седум бодови на ОАЕ, така што директниот пласман на Светско ќе биде за две од нив, а третата ќе игра во баражот.