Роналдињо владетел во јужноамериканскиот фудбал

Фудбалерите на Атлетико Минеиро лани славеа во елитната Копа Либертадорес, а синоќа во возбудлив меч со два автоголови на екипата на Ланус во продолженијата, стигнаа до првиот трофеј во Рекопа Судамерикана, своевидниот Супер куп на Јужна Америка.

Од 1988 година во Јужна Америка секоја година почетокот на сезоната го означува финалето во Рекопа, двомеч меѓу освојувачот на Копа Либертадорес и победникот на Копа Судамерикана. Нешто како пандан на европскиот Супер куп.

Бразилскиот Атлетико Минеиро синоќа во неизвесен натпревар кој се одлучи по 120 минути фудбал стигна до првиот трофеј во годинешното издание на Рекопа.

Тимот предводен од Роналдињо победи на гости во првиот дуел против Ланус од Аргентина со 0-1, а гаучосите возвратија со 3-2 во реваншот, по што следуваа продолженија.

Во дополнителните 30 минути, фудбалерите на Ланус во 103' и 111' минута постигнаа два автогола, а трагичари беа Гомез и Ајала кои му подарија пресврт на Минеиро кој со 4-3 стигна до првата Рекопа.

Легендарниот Роналдињо играше до 64' минута и ова беше прво негово славје во ова натпреварување. Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан е лидер во јужноамериканскиот тим и во последните три сезони има по 28 голови и асистенции.

Но тоа не беше доволно Сколари да му даде шанса за настап во репрезентацијата на Мундијалот во Бразил.

24 јули 2014 - 10:55