Ждрепка за Лига Европа

Рики и Адеми на мегдан со Тотенхем, дерби меѓу Милан и Ман.Јунајтед

Иако ќе го личеше на пример да биде и финале, сепак Милан и Манчестер Јунајтед се падна да ги одмерат силите уште во осминафиналето на Лига Европа. Тежок испит за двајцата македонски репрезентативци кои со Динамо Загреб ќе патуваат во Лондон кај Мурињо.

Ждрепката во Лига Европа на Милан и Манчестер Јунајтед им направи да им се стемни во топ 16, бидејќи една од двете екипи ќе мора да се соочи со требење во фаза спротивна на нивните амбиции.

Убави и неизвесни ќе бидат дуелите на Арсенал, Рома и Ајакс, а за македонската јавноста од голем интерес за следење ќе биде дуелот меѓу Динамо Загреб и Тотенхем. Од една страна Мурињо, Бејл, Кејн, Деле Али, а од другата Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Осминафинални двојки:

Ајакс - Јанг Бојс
Динамо Киев - Виљареал
Рома - Шахтјор Доњецк
Олимпијакос - Арсенал
Динамо Загреб - Тотенхем
Манчестер Јунајтед - Милан
Славија Прага - Глазгов Ренџерс
Гранада - Молде

Првите натпревари се играат на 11 март, а реваншите една недела подоцна по што ќе следува нова ждрепка на 19 март за четвртфинале.

26 февруари 2021 - 13:23