Рики го искина тапанот пред хотел

Македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра и трето полувреме ама пред хотел, каде беше пречекана со музика. Се пееше, се вртеше оро, Џани ја фати гитарата, а кулминација настана кога Стефан Ристовски го грабна тапанот.

Пред хотелот Гранд Плаза во Козле, каде обично се сместени нашите репрезентативци, после полноќ да ти имало свадба без невеста. Главен во први редови е Рики, а го објавија и неговите од Спортинг.

Кине мајсторот и тоа во ритам.

Шоуто одеше во живо на неговиот Инстаграм профил.

А јако беше и во коментари

Му пишуваа и од Олд Трафорд, поточно Бруно Фернандеш со кој беа добри пријатели во Спортинг.

„Многу врева правиш“, му искоментира ѕвездата на Манчестер Јунајтед

9 октомври 2020 - 11:10