(Р)еволуцијата на Барселона низ фотографии

Со доаѓањето на претседателот Лапорта и тренерот Рајкард во 2003 година, каталонскиот клуб стана синоним за најдобар европски модерен фудбал. Под водство на Рајкард и Гвардиола и со некои од најдобрите фудбалери што овој спорт ги видел некогаш, Барселона по ред ги освојуваше ЛШ и ЛЕ.

За основач на револуцијата во модерниот фудбал се смета Бразилецот Роналдињо кој на Камп Ноу дојде во 2003 година. Во моментов неговиот сонародник Нејмар е меѓу најомилените фудбалери од актуелниот состав на Блауграна.

Еве како започна (р)еволуцијата на Барселона низ годините:

2002-2003

Горен ред (од лево на десно): Михаел Рајзигер, Филип Коку, Франк Де Бур, Патрик Клајверт, Тиаго Мота, Роберто Бонано.

Долен ред (од лево на десно): Марк Овермарс, Хавиер Савиола, Габри, Чави, Карлес Пујол.

2003-2004

Горен ред (од лево на десно): Михаел Рајзигер, Патрик Клајверт, Луис Енрике, Филип Коку, Џерар, Виктор Валдес.

Долен ред (од лево на десно): Роналдињо, Ван Бронхорст, Хавиер Савиола, Чави, Карлес Пујол.

Турбулентната сезона во која Жоан Лапорта беше избран за претседател, а Рајкард седна на клупата. Навивачите на Барса во Роналдињо гледаа нова клупска икона и брзо го прежалија Бекам кој се одлучи за Реал Мадрид. Оваа сезона, Едгар Давидс и Џовани Ван Бронхорст го зголемија холандскиот контингент на Ноу Камп.

Оваа сезона е позната и по промоцијата на Андрес Иниеста од Ла Масиа во првиот состав, а Барса на крајот заврши како втора во Ла Лига.

Каталонците тогаш ги купија: Роналдињо од ПСЖ за 28,38 милиони фунти, Рикардо Кварезма од Спортинг Лисабон за 5,59 милиони фунти, Рафаел Маркез од Монако за 4,62 милиони фунти. Барса ја засилија уште и Рушту Речбер, Едгар Давидс, Педро Марио, Андрес Иниеста, Џовани Ван Бронхорст, Олегуер и Виктор Валдес.

Од клубот си заминаа Рикелме, Фабрегас, Франк де Бур, Кристанвал, Алфонсо, Патрик Андерсон, Џовани, Рошембак, Роберт Енке и Роберто Трашорас.

2004-2005

Самуел Ето, Деко и Хенрик Ларсон дојдоа да ѝ помогнат на Барса да ја освои Ла Лига прв пат после шест години. Оваа сезона Лионел Меси дебитираше за првиот тим на 16 октомври против Еспањол, а Роналдињо втора година по ред беше избран за најдобар светски фудбалер.

Горен ред (од лево на десно): Роналдињо, Силвињо, Рафа Маркез, Олегуер, Самуел Ето, Виктор Валдес.

Долен ред (од лево на десно): Жулиано Белети, Лудовик Жули, Чави, Деко, Карлес Пујол.

Во Барса таа сезона стигнаа: Ето, Деко, Жули, Силвињо, Макси Лопез, Жулиано Белети, Едмилсон, Деметрио Албертини и Хенрик Ларсон. Си заминаа: Филип Коку, Патрик Клајверт, Михаел Рајзигер, Луис Гарсија, Кварезма, Овермарс, Луис Енрике, Роберт Енке, Хавиер Савиола и Серхио Гарсија.

2005-2006

Барселона ја одбрани титулата во Примера, но поважен беше успехот во финалето на ЛШ во Париз против Арсенал 2-1. Каталонците тогаш ја започнаа нивната европска доминација. Меси даде шест голови на 17 натпревари во Ла Лига.

Горен ред (од лево на десно): Роналдињо, Едмилсон, Олегуер, Марк ван Бомел, Самуел Ето, Виктор Валдес.
Долен ред (од лево на десно): Ван Бронхорст, Иниеста, Чави, Лионел Меси, Карлес Пујол.

2006-2007

Франк Рајкард не успеа да го повтори успехот од претходната година и Барселона заврши со ист број на бодови како Реал Мадрид. Под водство на Фабио Капело, Кралевите имаа подобар меѓусебен скор и поради победата од 2:0 на Сантијаго Бернабеу ја освоија титулата.

Горен ред (од лево на десно): Роналдињо, Тиаго Мота, Лилијан Турам, Виктор Валдес, Самуел Ето.
Долен ред (од лево на десно): Ван Бронхорст, Жулиано Белети, Иниеста, Лудовик Жили, Деко, Карлес Пујол.

Во Барса таа сезона дојдоа: Џанлука Ѕамброта, Ејдур Гудјонсен, Лилијан Турам.
Си заминаа: Фернандо Наваро, Ван Бомел, Дамиа, Хенрик Ларсон, Габи и Макси Лопез.

2007-2008

Доаѓањето на Тиери Анри воопшто не ѝ помогна на Барселона, која заврши на третото место со 18 бодови зад Реал Мадрид. Сезоната бледо ја одигра и Роналдињо а после дебаклот од Реал Мадрид 1-4 на Камп Ноу, клубот соопшти дека Пеп Гвардиола ќе ја превземе екипата од следната сезона.

Горен ред (од лево на десно): Роналдињо, Габи Милито, Рафа Маркез, Јаја Туре, Ерик Абидал, Виктор Валдес.

Долен ред (од лево на десно): Лео Меси, Тиери Анри, Иниеста, Деко, Карлес Пујол.
Барса тогаш ги купи: Анри, Милито, Абидал, Јаја Туре и Пинто а тимот го напуштија: Белети, Жили, Макси Лопес, Тиаго Мота, Ван Бронхорст, Савиола и Марк Кросас.

2008-2009

Горен ред (од лево на десно): Јаја Туре, Серхио Бускетц, Џерард Пике, Силвињо, Самуел Ето, Виктор Валдес.
Долен ред (од лево на десно): Лионел Меси, Тиери Анри, Иниеста, Чави, Карлес Пујол.

Легендата на клубот, Пеп Гвардиола ја продолжи тики-така играта и во првата сезона како тренер на Барса ја освои тројната круна (Ла Лига, Копа дел Реј и ЛШ). Оваа генерација на Барса ја оствари и една од најубедливите победи над вечниот ривал Реал Мадрид, откако ги прегази со 6-2 на Бернабеу. Ето и Меси ги дадоа головите во финалето на ЛШ против Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона Барса се засили со: Дани Алвеш, Џерард Пике, Александр Хлеб, Мартин Касерес, Сејду Кеита и Хенрике. Екипата ја напуштија: Роналдињо, Ѕамброта, Деко, Џовани Дос Сантос, Олегуер и Едмилсон.

2009-2010

Златан Ибрахимовиќ дојде од Интер, кој во замена доби 42 милиони фунти и Самуел Ето. Швеѓанецот уште од стартот немаше добар однос со тренерот Пеп Гвардиола, но тоа не му сметаше да постигне 16 голови во рекордната сезона со 99 бодови во Ла Лига за Барселона. Оваа сезона ќе остане запаметена и по катаначото на Жозе Мурињо со Интер на Камп Ноу, кога Горан Пандев играше лев бек.

Горен ред (од лево на десно): Габриел Милито, Јаја Туре, Сејду Кеита, Златан Ибрахимовиќ, Џерард Пике, Виктор Валдес.
Долен ред (од лево на десно): Лионел Меси, Дани Алвеш, Серхио Бускетц, Педро, Чави.

Си заминаа: Ето, Гудјонсен, Хлеб, Силвињо, Касерес, Виктор Санчез, Жоркуера, Кеирисон. Дојдоа: Златан Ибрахимовиќ, Чигрински, Максвел.

2010-2011

Горен ред (од лево на десно): Абидал, Педро, Маскерано, Бускетц, Џерард Пике, Виктор Валдес.
Долен ред (од лево на десно): Лео Меси, Дани Алвеш, Давид Виља, Иниеста, Чави.

Екипа составена од играчи кои го освоија СП со Шпанија и кои стигнаа до трета титула во ЛШ по големото финале против Манчестер Јунајтед на Вембли. Оваа сезона Барселона ја прослави и третата последователна титула во Ла Лига. Гвардиола на 41 година стана најмладиот тренер што два пати ја освојувал ЛШ. Сандро Росел тогаш го замени Лапорта на функцијата претседател.

Дојдоа: Давид Виља, Маскерано, Адријано, Ибрахим Афелај.
Заминаа: Ибрахимовиќ, Јаја Туре, Чигрински, Александр Хлеб, Мартин Касерес и Виктор Санчез.

2011-2012

Горен ред (од лево на десно): Исак Куенка, Маскерано, Бускетц, Џерар Пике, Виктор Валдес.
Долен ред (од лево на десно): Лионел Меси, Алексис Санчез, Цеск Фабрегас, Иниеста, Чави, Карлес Пујол.

Жозе Мурињо и Реал Мадрид конечно го урнаа митот Барселона и ја освоија Ла Лига со рекордни 100 бодови. Поразот од Челси со играч повеќе во полуфиналето на ЛШ покажа дека нешто не оди како треба со тимот. Иако го освоија Копа Дел Реј, Каталонците соопштија дека Пеп Гвардиола решил да даде замине на крајот од сезоната.

Дојдоа: Цеск Фабрегас и Алексис Санчез
Заминаа: Ибрахимовиќ (продаден во Милан), Бојан Кркиќ, Џефрен, Максвел и Мартин Касерес.

2012-2013

Горен ред (од лево на десно): Педро, Маскерано, Бускетц, Пике, Виктор Валдес.Долен ред (од лево на десно): Меси, Дани Алвеш, Цеск Фабрегас, Иниеста, Чави, Жорди Алба.

Оваа сезона Тито Виљанова стана прв тренер на Барселона, но во декември мораше да оди на операција, по што клубот го водеше Жорди Рура. Барса ја поврати титулата во Ла Лига, а воедно го израмни и рекордот на Реал од претходната сезона со 100 освоени бодови. Жорди Алба беше промовиран во еден од најдобрите леви бекови во Европа, а Меси ја прослави четвртата Златна Топка.

Дојдоа: Алекс Сонг и Жорди Алба
Заминаа: Ибрахим Афелај, Сејду Кеита, Исак Куенка и Андреу Фонтас.

2013-2014Горен ред (од лево на десно): Маскерано, Жорди Алба, Серхио Бускетц, Џерард Пике, Виктор Валдес.

Долен ред (од лево на десно): Лионел Меси, Дани Алвеш, Алексис Санчез, Цеск Фабрегас, Иниеста, Чави.

Купувањето на Нејмар од Сантос за неверојатни 50 милиони фунти не ги донесе посакуваните резултати, така што Бразилецот стагнираше првата сезона под Херардо Тата Мартино. Нејмар даде гол во дебитантското Ел Класико кога Барса победи 2-1, но Каталонците на крајот завршија како второпласирани, зад шампионот Атлетико Мадрид. „Јорганџиите" ги симнаа Барса и Реал од тронот после цели 18 години. Трансферот на Нејмар стана предмет на истражување на шпанското судство.

Дојдоа: Нејмар и Џерард Делафеу
Заминаа: Давид Виља, Тиаго Алкантара, Андреу Фонтас, Абидал, Бојан Кркиќ и Рафиња.

2014-2015

Горен ред (од лево на десно): Клаудио Браво, Педро, Хавиер Маскерано, Марк Бартра, Џерар Пике, Рафиња.
Долен ред (од лево на десно): Лео Меси, Нејмар, Мартин Монтоја, Чави, Жорди Алба.

Луис Суарез го комплетираше триото со Нејмар и Меси, фудбалери кои се најзаслужни што Барселона во моментов има 4 бодови предност во однос на Реал Мадрид. Каталонците ќе играат во финалето на Копа дел Реј и четвртфинале од ЛШ против ПСЖ.

Дојдоа: Луис Суарез, Жереми Матје, Иван Ракитиќ, Марк-Андре тер Штеген, Клаудио Браво, Томас Вермален, Даглас.

Заминаа: Алексис Санчез, Цеск Фабрегас, Виктор Валдес, Кристијан Тељо, Карлес Пујол (пензија), Делафеу, Алекс Сонг, Џонатон дос Сантос, Афелај.