Ретка мајсторија во втора шпанска лига, гол точно од пола терен

Еспањол сигурно чекори кон експресно враќање во Примера. Во втората лига по 19 кола имаат 13 победи, 3 нерешени и 3 порази со гол разлика 30:9. Синоќа победија 2-1 против Алмерија а првиот гол од двата кои ги даде Раул Де Томас сигурно ќе конкурира за гол на сезоната.

Раул Де Томас има 12 гола на 19 меча сезонава.

21 декември 2020 - 10:37