Таг: сегунда дивизион

Унаи Емери купува клуб во кој играл татко му, а дедо му освоил 2 Купа

Одличниот шпански тренер кој сезонава го води Виљареал, е на прагот да го купи Реал Унион, баскиски клуб од трета шпанса лига кој бил учесник во првото шпанско првенство во историјата.

Најнеобичниот судија - Шпанецот Лаоз кој ги прашува играчите за коли и барови

Наместо строги, ригидни судии со кои не можат да разменат ни добар ни лош збор, Матеу Лаоз важи за арбитар со кого играчите може да продискутираат за временска прогноза, за отворени кафулиња или за автоделови.

Ретка мајсторија во втора шпанска лига, гол точно од пола терен

Еспањол сигурно чекори кон експресно враќање во Примера. Во втората лига по 19 кола имаат 13 победи, 3 нерешени и 3 порази со гол разлика 30:9. Синоќа победија 2-1 против Алмерија а првиот гол од двата кои ги даде Раул Де Томас сигурно ќе конкурира за гол на сезоната.

Ваљадолид го погоди молња, фудбалерите спасија глава

После потопот во Виљареал, најголем во последните 40 години во овој шпански град, невремето се прошири и на други реони. Во Ваљадолид фудбалскиот клуб морал да го прекине тренингот поради страшни молњи.

Има нешто во тоа за фудбалерите и школото

Сарагоса, која долго време беше трета во Сегунда, имаше можност да избори пласман во финалето на плејофот и да се бори за враќање во богатата Ла Лига. На гости одиграа 0-0 со Елче а синоќа изгубија дома. Примија гол во 81' минута, ама моментот на мечот го имаше Хави Рос во 87' минута кога можеше да го врати својот тим на почетната позиција. И глејте што направи:

Лудата банда од Кадиз што ќе ја направи шпанска Ла Лига повесела

Од 2006-та година, кога испадна од Примера, Кадиз се давеше меѓу втора и трета шпанска лига. Сега конечно дојде време, после 14 години одново да уживаат во дражта на најдоброто шпанско друштво. Важат за луда екипа со луди навивачи.

Најкреативниот капитен во Европа - носи разни ленти со географски знаменитости од градот каде играат

На прекрасен начин капитенот на шпанскиот второлигаш Уеска ја пренесува географијата на исконска Шпанија.

Полувремето долго шест месеци за Гинисова книга на рекорди

Шпанскиот фудбал конечно ќе продолжи. Рестартот ќе го обележат Рајо Ваљекано и Албасете кои ќе го доиграат второто полувреме од одложениот меч на 15 декември лани.

Во Шпанија фудбалски судијки помагаат како медицински сестри

Во Шпанија се разгоре пандемијата: Околу 18.000 заразени, повеќе од 800 смртни исходи. Додека спортистите седат дома во строг карантин, некои судијки отишле доброволно да помагаат како медицински сестри.

Халанд има идол кој ретко кој го памети, а растури во Премиер лига

Норвежанецот Ерлинг Халанд е најголемо откритие на сезоната. Интересен е за медиумите како нова ѕвезда на светскиот фудбал, па го прашаа да раскаже и за својот идол од детството. А он ги збуни со одговорот.

Дознаа дека во Купот им се падна Реал Мадрид и полудеа

Шпанската Сегунда дивизион Б е трет ранг на натпреварување. Во овој систем од 4 групи со по 20 тима игра и Унионистас, клуб од градот Саламанка. Кога попладнево дознаа дека на 22-ри месецов во Купот на Шпанија ќе го пречекаат големиот Реал Мадрид, полудеа од среќа и радост.

Судијата кој ја судеше Бразил - Германија (1:7) стана тренер на Саламанка

Од Светското првенство 2014, до шпански третолигаш во Сегунда Дивизион Б. Ова би можела да биде парабола за кој било фудбалер кој играл на Мундијалот пред 5 години, но не се работи за тоа.