Решавачката битка на Југославија против Бугарија и прославениот коментар „Људи мои, је ли то могуќе?“

Спомнете му го мечов на фудбалски југоносталгичар и ти сецка салата со ракија, одма на лице место. Плус кога ќе се сети кој коментираше, нема станување.

Се работи за квалификациски натпревар за ЕП 1984 за нас далечен, за постарите мега емотивен и незаборавен. Југославија е во група со Велс, Бугарија и Норвешка и само со победа во последно коло би се пласирала на Европско.

Бугарите гостуваат на Пољуд во Сплит на 21 декември 1983-та и по истекот на регуларните 90 резултатот е 2:2.

Легендарниот Младен Делиќ во судиското продолжение е песимист, тоа ќе го чуете во видеото, но Љубомир Радановиќ го вади од него оној прочуен коментар „Ljudi moji, je li to moguće?! Ludnica! Šta je ovo?“.

Коментар по кој популарниот хрватски коментатор (1919-2005) е зборуван и ден денес меѓу југоносталгичарите.

Првите два гола ги дава Сафет Сушиќ, а играат и други легенди како Среќко Катанец, Мехмед Баждаревиќ, Златко Вујовиќ, Томислав Ивковиќ, Златко Кранчар...

Одиме со драмата во финишот

Па головите

27 септември 2022 - 15:49