Радоста и солзите на Мурињо

Рома пред Мурињо во 96 години одиграла само две европски финалиња. Дојде Мурињо и тоа го оствари во само две сезони. На свој начин, со бункер, ама и тоа се брои. Погледне го колку се радуваше.

Рома вака така се извлече во Германија со никаква игра и мизерна статистика од 28% посед на топка и 1 шут кон гол наспротив 23 на Баер Леверкузен.

Жозе Мурињо беше во облаци. Плачеше, се гушкаше со сите и со стиснати тупаници и голема страст и емоции славеше под трибината со навивачите.

Бројот 5 кој го покажуваше со рацете му се бројот на европски трофеи во кариерата освоени со Порто (2), Интер, Манчестер Јунајтед и Рома.

Нема загубено ниту едно и на 31 мај во Будимпешта против Севиља ќе оди на второ со Рома и вкупно шесто.

Три италијански екипи во финале, Серија А царува во Европа

19 мај 2023 - 10:21