Промовирани дресовите кои Македонија ќе ги носи на Европско првенство

Фудбалската федерација на Македонија попладнево ги промовираше дресовите кои нашите најдобри фудбалери ќе ги облечат на претстојниот континентален шампионат.

Има три варијанти дресови. Додека дел од јавноста смета дека ФФМ направила утка и требала да остане на традиционалните црвено-жолта боја од државниот симбол, останатите сметаат дека со овој дизајн е направен исчекор кон современите трендови затоа што речиси сите репрезентации на Европско имаат не баш традиционални избори за дресови по кои биле препознатливи на времето.

На самиот дрес е исцртан Балкански рис кој е симбол на македонската фудбалска репрезентација и кој е воедно и национален симбол на Македонија

Еве ги дресовите на Македонија за ЕВРО2020:

Бордо боја

Бела боја

И црна со портокалови нијанси

Видео од промоцијата на дресовите.

28 мај 2021 - 13:58