Професорот кој го внесе Лидс во Премиер после 16 години и доби име на улица

Навивачите на Лидс важат за едни од најжестоките во Велика Британија. После цели 16 години сонот на многу генерации се исполни - клубот се враќа во Премиер лига. Легендарниот тренер Биелса е најзаслужен за големиот успех и навивачите го сакаат како идол.

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски беше дел од тимот кој успеа да го внесе легендарниот Лидс во Премиер лига и се надеваме дека наскоро ќе го гледаме Алиоски на „Олд Трафорд“, на „Стемфорд Бриџ“, на „Енфилд Роуд“, „Сент Џејмс Парк“...

Во овие 16 години Лидс одиграл 734 натпревари во пониските англиски дивизии (да, три сезони играа дури и во трета лига). За сево ова време 268 фудбалери поминале низ клубот, постигнале 1003 гола а смениле 15 тренери.

Последен меч на Лидс во Премиер беше на 15 мај 2004-та година кога изгубија од Челси.

Од актерите на тој меч, ден-денес се останати само уште Џејмс Милнер, голманот Скот Карсон (четврт резервен голман во Манчестер Сити) и судијата Мајк Дин кој уште суди. Токму најголемиот цар во Премиер лига, Џејмс Милнер еден од првите му честиташе на Лидс враќање во Премиер:

Целиот град го обожува тренерот Биелса поради што една улица во Лидс е преименувана во Марсело Биелса.

Лидс беше блиску до промоција и минатата сезона. Цели 20 кола беа први на табела но во финишот паднаа во форма и го изгубија местото кое директно води во Премиер па мораа преку потежок пат - плејофот. Таму играа два меча против Дерби Каунти на Френк Лампард. На гости победија 0:1 и кога се беше спремно за славје, Дерби ги потопи со 2:4 иако Лидс поведе.

Сезонава уште од старт беа решени да се борат за Премиер. На Нова година Лидс и ВБА беа 8 бода пред сите други конкуренти.

По враќањето на фудбалот по паузата поради глобална пандемија, тимот на Марсело Биелса изгуби од Кардиф но подоцна на 6 меча оствари 5 победи и 1 нерешена со гол разлика 14:2.

Лидс го има третио најдобар напад во Чемпионшип (70 гола на 44 средби) и најдобрата одбрана - само 34 примени гола.

ПРОФЕСОРОТ КОЈ ГИ ВНЕСЕ ВО ПРЕМИЕР И ПО КОГО ПРЕИМЕНУВААТ ИМИЊА НА УЛИЦИ

Еден од хероите на Лидс е Кевин Филипс. Млад локалец кој од дете е во клубот и кој одигра одлична сезона. Или 35-годишниот Шпанец Пабло Ернандез кој играше во Валенсија и Свонси па отиде да заработи на Истокот и во 2016-та дојде во Лидс на 31-година.

Од доаѓањето на Ернандез во Лидс, ниту еден играч немал подобар учинок во Чемпионшип (33 гола и 35 асистенции). Сезонава Лидс не потрошил ни фунта на трансфери а минатото лето ги продадоа лидерите на тимот за 30 милиони фунти.

Марсело Биелса направи тим воглавно од млади играчи на позајмица. Пример важна улога во екипата одигра стоперот Бен Вајт позајмен од Брајтон.

Позајмени беа и првотимците кои изнесоа голем товар сезонава: Жан-Кевин Огустин, Еди Нкетиа (се врати во Арсенал), Елдер Коста, Џек Кларк, голманот Иљан Мелје. Минатата зима како слободен агент го потпишаа крилото Јан Поведа и тоа им беше единствен потпис.

Главна ѕвезда на Лидс е легендарниот тренер Марсело Биелса.

Веднаш по мечот со кој обезбедија Премиер лига, пред стадионот во текот на денот се собрале околу 6.000 навивачи кои цел ден и цела ноќ славеле пласман. El Loco (прекарот на Биелса е Лудиот) излегол пред стадионот и примал честитки од сите.

Најпознатиот навивач на Лидс, глумецот Николај Костер-Валдау (Данец по потекли) кој се прослави со улогата на Џејм Ланистер во „Игра на тронови“ сними преубаво видео за Марсело Биелса. Со сигурност едно од најубавите видеа на сезоната:

Ова видео до денес има 3,4 милиони прегледи, преку 28.000 ретвитови, 68,7 фејвови и преку 1.000 коментари 

22 јули 2020 - 11:46