Таг: лидс

Професорот кој го внесе Лидс во Премиер после 16 години и доби име на улица

Навивачите на Лидс важат за едни од најжестоките во Велика Британија. После цели 16 години сонот на многу генерации се исполни - клубот се враќа во Премиер лига. Легендарниот тренер Биелса е најзаслужен за големиот успех и навивачите го сакаат како идол.

Алиоски 2019-та ја почна со гол

Македонскиот репрезентативец убаво ја стартуваше годината и токму на 1 јануари даде гол, но Лидс капитулираше на гостувањето против Нотингем Форест како никогаш сезонава.. Алиоски постигна погодок во втор за 1:2 со што направи пресврт, но тимот на Биелса имаше блекаут и прими три комада за 7 минути.

Алиоски полета како Супермен и даде гол со глава

Македонскиот репрезентативец го прекина три месечниот пост во Чемпионшип лигата. Тој му донесе водство на Лидс на гостувањето кај фаворитот Дерби од 1:2 во 79-та минута и тоа со атрактивен “билијард“ погодок, само две минути откако влезе во игра. Домаќините израмнија во 92-ра минута. Седми гол на Џани во дресот на Лидс.

Најубавиот гол на месецот во Чемпионшип го постигна Алиоски

Само четири кола му беа потребни да поминат во дресот на Лидс, за Езџан Алиоски на англиската публика да им покаже колку добро знае да нишани од далеку. Неговиот гостински погодок против Нотингем Форест и негов дебитански во Чемпионшип е прогласен за гол на месецот.

Ако навистина ви е до клубот, одете си

Војната меѓу навивачите на Лидс и тврдоглавиот италијански газда не престанува. Уште кога го купи клубот пред две години и веднаш го отпушти тренерот, тие протестираа облечени како мафијаши, а најновиот притисок му го направи 15 годишен навивач кој му испрати писмо.

500 фунти месечно за да го фалиш тренерот

Човекот кој изјави дека тренерите се како лубеници, никогаш не знаеш колку е добра додека не пробаш друга, има мрежа на луѓе кои ги плаќа за да го фалат на Фејсбук, тврди навивач на Лидс.

10 години без Клаф, фудбалскиот Робин Худ

На 20.септември 2004-та почина еден од најголемите тренери во историјата на англискиот фудбал, а неговата животна приказна го инспирираше Дејвид Пис да напише книга за него.

Новиот газда на Лидс шпиониран во веце

На контроверзниот рокер со криминално досие во Италија, многу лошо му тргна на островот. Откако едвај успеа да го купи познатиот англиски второлигаш и поранешен премиерлигаш, некој се обидува да го следи и кога оди на мочање.

За мафијашки газда, мафијашки пречек

Новиот газда на Лидс тешко дека ќе ги освои симпатиите на навивачите. Тој е само еден месец мнозински сопственик на англискиот второлигаш и уште на стартот доби непријатен пречек кој асоцира на неговото неславно минато.

Контроверзниот рокер кој си купи уште еден клуб

Масимо Челино не е многу познато име во музиката, неговата примарна дејност е фудбалскиот клуб Каљари. Гитарата му е само голема пасија во животот која му овозможи да членува во група. Има доста солидно криминално досие, а деновиве стана нов газда и на Лидс.

Македонските финти не функционираат во Лидс

И додека во нашите клубови не играат талентираните, туку децата на оние кои имаат врски, обидот на еден од сопствениците на Лидс да „пикне" син на пријател во младинската академија предизвика сериозен скандал помеѓу членовите на управниот одбор на клубот.

Злосторство и црево

Може не е културно да маваш пожарникари со топки снег, ама сигурно е комплетно глупо да ги гаѓаш кога ги гледаш дека го имаат тоа цревото на готовс. Има и некои што не се согласуваат со нас.