Македонските финти не функционираат во Лидс

И додека во нашите клубови не играат талентираните, туку децата на оние кои имаат врски, обидот на еден од сопствениците на Лидс да „пикне" син на пријател во младинската академија предизвика сериозен скандал помеѓу членовите на управниот одбор на клубот.

Салах Нурудин е 49-годишен бизнисмен од Бахреин кој пред неколку месеци купи дел од акциите во поранешниот Премиерлигаш Лидс по што беше назначен и за потпретседател на клубот.

Човек со ваква функција во било кој македонски клуб може да протне свое дете во прв тим, а не па во младинци, но во Англија не функционираат така работите.

Нурудин најпрвин им предложил на тренерите од академијата да го поканат на проба Идрис Тахар, 18-годишен фудбалер кој е син на негов деловен соработник. Тахар одбработил неколку тренинзи со младинците, но не бил доволно талентиран и тренерите решиле да го вратат дома.

Но потпретседателот повторно се обидел извршил притисок врз тренерите за тие да му понудат договор на младиот фудбалер, по што морале интервенираат и останатите членови на управниот одбор.

Откако за целиот скандал дознаа и медиумите, портпаролот одби да ја коментира ситуацијата во детали, но изјави:

Место во нашата академија ќе им биде понудена само на фудбалери кои заслужуваат да бидат дел од нашиот клуб."

11 јуни 2013 - 10:53