Продолжува проклетството на Сан Сиро

Интер и Милан немаат победено на Сан Сиро откако е поставен новиот хибриден терен на стадионот во Милано, а ова коло по пауза од три години и двете екипи претрпеа пораз во ист ден натпревари од Серија А.

Оваа сезона Интер на домашен терен претрпе три порази и одигра две нерешени. Милан на Сан Сиро загуби два натпревари и еднаш ремизираше. Откако ова лето беше поставен новиот хибриден терен со природна трева помешана со вештачки влакна, двете милански екипи немаат победа на вкупно осум одиграни натпревари на својот стадион.

Сиена никогаш претходно го немаше победено Интер на претходните 12 дуели одиграни на домашен и гостински терен, а тие немаа забележано победа во Серија А уште од април. Вергасола ги шокираше гледачите на Џузепе Меаца во 73-та минута, а точка на натпреварот стави Валијани во судиското продолжение.

Јавиер Занети не беше ниту на клупата на Интер, а последен пат тоа се случи во 2008-та година.

За прв пат по три години двете милански екипи забележаа порази на ист ден во Серија А. Удинезе му го нанесе и третиот пораз на Милан по четири одиграни кола. Головите за Удинезе ги постигнаа Ранеги и Антиони Ди Натале од пенал, а стрелец за Милан беше Ел Шарави.

Интересно е што Стефан Ел Шарави во својата кариера има постигнато три голови во Серија А и сите три се против Удинезе.

На останатите натпревари Јувентус го продолжи максималниот учинок, Наполи за прв пат ремизираше, а Лацио загуби на домашен терен.

СЕРИЈА А, 4. коло:

сабота:
Парма - Фиорентина 1:1 (0:1)
Валдес 90 - Ронкалја 20

Јувентус - Киево 2:0
Кваљарела 63, 68

недела:
Сампдорија - Торино 1:1
Поци 84пен - Бјанки 69пен

Аталанта - Палермо 1:0
Раимондо 88

Катанија – Наполи 0:0

Интер – Сиена 0:2
Вергасола 73, Валијани 90+2

Удинезе – Милан 2:1
Ранеги 40, Ди Натале 68пен – Ел Шарави 54

Болоња – Пескара 1:1
Џилардино 9 - Квинтеро 41

Лацио - Џенова 0:1 (0:0)
Бориело 79

Каљари - Рома одложено

24 септември 2012 - 09:26