Прекинат натпревар заради пијан судија

Натпревар од англискиот куп бил прекинат на седум минути до крајот откако судијата се повредил, а човекот кој сакал да го замени бил видно пијан.

Натпреварот од англискиот ФА трофи помеѓу шестолигашите Колвин Беј и Алтринхам завршил седум минути порано затоа што немало кој да ја дели правдата до крај.

Главниот судија се повредил во 83-та минута, па официјалниот спикер во договор со делегатот преку разгласот на стадионот побарал да се пријави некој гледач од трибините кој има дозвола за судија.

По неколку минути на теренот дошол навивач кој сакал да го досуди натпреварот, но поранешниот член на Челси, Френк Синклер кој во моментов е играч-тренер на Колвин Беј, одбил да го продолжи натпреварот затоа што гледачот смрдел на алкохол и бил видно пијан.

18 ноември 2013 - 13:13