Познати сите учесници на Светското првенство во Бразил

Ако не се случи некоја огромна сензација и Јордан да се врати од мртвите против Уругвај, тогаш ги знаеме сите репрезентации кои веќе почнаа да ги чекираат своите билети за Бразил.

Освен домаќинот Бразил, уште 30 други репрезентации обезбедија пласман на Светското првенство. По синоќешните баражи на УЕФА, последни кои ја обезбедија визата беа фудбалерите на Мексико кои по втор пат го победија Нов Зеланд.

Својот пласман преостанува да го потврдат уште и Уругвајците кои по првиот натпревар против Јордан имаат огромна предност од 5:0.

На Мундијалот ќе учествуваат сите осум претходни светски шампиони (Бразил, Италија, Аргентина, Германија, Англија, Шпанија, Франција и Уругвај), а единствен дебитант ќе биде репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Учесници на СП Бразил 2014:

ЕВРОПА: Холандија, Италија, Белгија, Швајцарија, Германија, Босна и Херцеговина, Русија, Англија, Шпанија, Грција, Хрватска, Португалија, Франција.

ЈУЖНА АМЕРИКА: Бразил, Аргентина, Колумбија, Еквадор, Уругвај, Чиле.

СРЕДНА АМЕРИКА: САД, Мексико, Хондурас, Костарика.

АФРИКА: Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Камерун, Гана, Алжир.

АЗИЈА и АВСТРАЛИЈА: Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Иран.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 6 декември.

20 ноември 2013 - 09:53