Позадината на прославата на Меси на Мундијалот во лице на Ван Гал

Документарецот на Нетфликс за Светското во Катар, објаснува еден момент од четвртфиналето меѓу Аргентина и Холандија, кој не бил случаен.

Аргентина и Холандија одиграа тензично четвртфинале со многу кошкања, а еден од моментите кои се паметaт е прославата на Меси со рацете зад уши, свртен накај клупата на Лалињата.

Се работи за прослава инспирирана од идолот на Меси од детството, Хуан Роман Рикелме, кој ја практикуваше кога ќе дадеше гол.

Во 2002-ра година, Ван Гал се врати во Барселона каде имаше втор несреќен период. Издржа само половина сезона и доби отказ во јануари 2003-та, а тимот му падна на 12-та позиција.

Во тоа време на Камп Ноу пристигна Рикелме, кој го замени Ривалдо истото лето кога пристигна и Ван Гал.

И покрај тоа што важеше за еден од најдобрите играчи од среден ред и чинеше 11 милиони фунти, Ван Гал не беше обожавател на славната аргентинска 10-ка.

Го нарече „политички потпис“ и го играше надвор од својата природна позиција, за да испрати порака до управата дека потпишале погрешен играч и дека треба да се консултираат со него во иднина.

„Ти си најдобар играч кога ја имаш топката, но кога ја немаш, ние играме со еден играч помалку“, се шпекулира дека холандскиот стратег му рекол на Рикелме.

Кога Рикелме ќе постигнеше гол, во знак на одмазда, ги ставаше рацете зад уши, а прославата беше наменета за својот тренер.

20 години подоцна, Меси ги исфрли Холанѓаните од Мундијалот и ја повтори прославата на својот идол, директно свртен према Ван Гал.

Нетфликс уловил глупост на Мартинез пред Мбапе да шутира пенал на финалето во Катар

4 јануари 2024 - 09:02