Порто чекаше ВАР за пенал 4 минути и тоа преку мобилен

Повеќе технологија, знае да донесе и повеќе проблеми. На мечот меѓу Порто и Арука рикна ВАР системот, па главниот судија висеше 4 минути на мобилен за да му јават од горе дали има пенал за Порто или не, во ситуација кога губи како домаќин 0:1. Тоа се случуваше во 90-та, па на крај излезе дека немало пенал. Мечот влезе во дури 19 минути продолжение и Порто израмни токму во последната минута.

4 септември 2023 - 09:00