Пополни го Панини албумот он лајн

Ви ја олеснивме работата на сите вас кои загубивте нерви да акате низ цел град за да најдете сликици. Епа нема повеќе чекање ред, замарање продавачки, а ниту трошење пари. Тука имате гага сликици секој ден, кликате и ги лепите.

Пласманот на македонската фудбалска репрезентација на ЕП 2020, едно 100 пати повеќе ја зголеми Панини треската во Македонија, па се јавија многу поплаки прво дека брзо снемало албуми, а потоа дека немало сликици ни за лек.

Па кога ги добиваат одат како алва, па потоа треба да чекате нова пратка. За албумот па како да ви кажеме. Прекинаа со продажба и дента кога го даваа гратис со еден дневен весник, ние во рок од 40 минути поминавме 7 трафики и тоа во 8 сабајле, а одговорот на сите продавачи беше „Се потрошија“.

Да де, вие во 5 сабајле отворате за да се потрошат. Ги криете бе за после да ги шиткате или ги делите по внуци. На крај кога најдовме во седмата трафика, продавачот беше најјак. Прво вели нема, ама му запнавме малку со људски муабет за после да рече „дај 20 денари“.

Го немаше изложен, ама го извади од зад грб. Инаку весникот кошта 15 денари. Зошто побара 20? Па не знаеме, изгледа за 5 да стави в џеб 😊. Нејсе. Друго ни беше муабетот.

Кликнете на линков и почнете ако го сакате ова хоби. Нема тука кој да ве дрибла и ниту да чекате како за вакцини. Имате и албум и сликици, а ако не сме грешка на секои 15 часа добивате по 2 пакетчиња гратис. Плус има и опција за мењање.

Прво правите профил

За да добиете сликици кликате на packs.

Откако ќе ви се отвори пакетчето одите на Done.

И потоа ги лепите на обележаните портокалови кругови.

Ај со среќа :).

16 април 2021 - 16:18