Податок на денот за Челси

Да го прочитавме ова за Саутемптон, Херта Берлин, Сампдорија, Елче и Анжер како последни на табела во топ 5 лигите, ајде некако, ама како за довчерашен англиски и европски првак ова е многу срамно и понижувачки.

Челси губи од кој ќе стигне и дефинитивно ја игра најслабата сезона во последните 20 години ако не и повеќе.

Имаат скор од 10 победи, 9 нерешени и дури 13 порази. Се наоѓаат на 11-та позиција и поблиску се до испаѓање отколку до Европа.

Или поточно, заостануваат 20 бода до позицијата која води во Лига на шампиони, а само 10 до местото од кое се оди во втора лига.

По отпуштањето на Грем Потер, легендата на клубот Френк Лампард има старт „од соништата“ со 5 од 5 кои изгледаат вака:

Вулверхемптон - Челси 1:0
Реал Мадрид - Челси 2:0
Челси - Брајтон 1:2
Челси - Реал Мадрид 0:2
Челси - Брентфорд 0:2

И сега внимавајте колку погубно звучи ова. Откако замина онаа несреќана од тренер, тимот успеал да постигне број на голови, исто колку што си дал автоголови.

Или во превод: Еден гол против Брајтон и еден автогол против Брентфорд.

27 април 2023 - 08:56