Подарок од Динамо за капитенот на Македонија за влезот во клубот 100

Динамо Загреб не го заборава Стефан и за убавиот јубилеј му подари дрес со број 100, колку што има вкупно официјални настапи за клубот од Максимир.

До јубилејната бројка Стефан Ристовски дојде минатото коло на гостувањето против Осиек, а дресот го доби на домашниот меч против Шибеник на кој Динамо славеше со 4:0.

Рики играше 81 минута, а стрелци на убедливата победа беа Петковиќ, Иванушец, Батурина и Бочкај.

За Динамо Загреб годинаштата титула е број 24 во нивната историја и трета за македонскиот репрезентативец кој е шампион во Хрватска во сите три сезони откако направи трансфер од Спортинг во Динамо.

На 27 настапи оваа сезона Ристовски постигна 4 гола и направи 2 асистенции, а до крајот треба да игра уште против неговиот поранешен клуб Риека на гости и дома со Горица.

Кога минатото коло ја запиша 100-ката, Динамо го опиша Ристовски како играч со силна енергија и „хулковска“ цврстина во одбрана, кој прави сјајни продори по десниот коридор и така точно 100 пати.

Ристовски како водач на БББ бараше да се скандира за Адеми 

15 мај 2023 - 11:46