Почина Жерар Улие, поранешен тренер на Ливерпул и Лион

Францускиот тренер почина на возраст од 73 години, во ноќта меѓу недела на понеделник. Ќе се памети по големите успеси со Лион и со Ливерпул чии навивачи многу го почитуваа.

Жерар Улие го водеше клубот од „Енфилд Роуд“ од 1998-ма до 2004-та година и го освои Купот на УЕФА во 2000/20001, Супер Куп на УЕФА 2001, ФА Куп 2000/2001, Супер Куп на Англија 2001, два Лига Купа 2000/2001 и 2002/2003, а освојуваше и 2. и 3. место во Премиер лига во сезоните 2001/02 и 2000/01.

Како стратег на клупата на Лион, два пати стана шампион на Франција (2005/2006, 2006/2007). Жерар Улие го водеше францускиот клуб од 2005 до 2007 кога Лион ја започна хегемонијата во Лига 1.

14 декември 2020 - 11:48