Пет најважни промени во фудбалските правила

Меѓународниот одбор на фудбалските федерации донесе неколку нови правила за сезоната 2016/2017. Некои од нив важеа и за ЕП 2016. Судиите од сега ќе може да делат картони и кога играчите одат на загревање.

Изведување од центар

Една од промените кои се применуваа на Европско во Франција можеби ги збуни гледачите. Наместо досегашните двајца играчи кои мораа да стојат при изведување на првиот удар на мечот, сега имаше само еден.
 
Претходно во правилата стоеше дека двајцата играчи мора да стојат на својата половина и откако ќе ја изведат, играчот кој ја прима може да влезе на противничката половина. Сега избришано е правилото за тоа топката да мора да тргне напред и овозможено е само еден играч кој стои на центар да ја врати на своја половина.
 
Делење картони

Судиите добиваат поголеми овластувања во однос на делењето жолти и црвени картони. Во старите правила стоеше дека може да делат картони откако играчите ќе влезат на терен. Сега тоа правило се проширува и фудбалерите може да бидат санкционирани за неспортско однесување дури и откако ќе се појават на терен за да ги видат условите на терен, ситуацијата со тревата и слично. Картоните може да се делат се додека не го напуштат теренот.
 
 
Казни за изведување пенали и слободни удари на недозволен начин

Уште е во сила правилото во случај на влез на играчот во казненото поле додека се изведува удар по што се повторува пеналот или слободниот удар. Сега има четири нови правила со кои ќе се спречат недозволените изведувања:
 
- Играчот кој ќе изведува пенал нема да може да застане на крајот од залетот па после да шутира. Ако се случи тоа ќе добие жолт картон, а противничката екипа ќе добие индиректен удар.
 
- Ако јасно се одреди играчот кој ќе го изведува казнениот удар, а негов соиграч се стрча и го изведе, ќе добие жолт картон, а противничката екипа ќе добие индиректен удар.
 
- Ако изведувачот не ја удри топката напред, противничката екипа ќе добие индиректен удар.
 
- Ако голманот тргне накај тој што изведува казнен удар, а не падне гол, ударот ќе се понови, а голманот ќе добие жолт картон.
 
 
Нема офсајд на средина од теренот
 
Досега правилото гласеше дека офсајд не се суди ако играчот е на своја половина, но тоа не беше до крај дефинирано. Новина е тоа што доколку играчот се наоѓа точно на средина од теренот за да биде офсајд мора да биде со некој дел од телото (освен со раце).
 
Промена има и во изведувањето индиректен удар по досуден офсајд. До сега мораше да се изведува од својата половина, а од сега во правилата стои дека може да се изведе од било каде. Во пракса тоа значи дека играчот кој се враќа на своја половина откако му е досуден офсајд и ја допре топката, индиректниот удар ќе се изведи од местото каде што ја допрел.
 
 
Дефинирано растојание кога се изведува топка од страна

Нема точно правило на кое растојание може да стои противничкиот играч кога се изведува топка од страна. За директен и индиректен удар тоа изнесува 9,15 метри, а за изведување од страна тоа сега ќе изнесува 2 метри.
 
Ако играчот се доближи на помалку од 2 метри и му смета на играчот додека изведува, ќе добие жолт картон. Ако ударот не е изведен, ќе се понови, а ако е изведен, директниот удар ќе се изведе уште еднаш од местото каде играчот го попречувал.
30 јули 2016 - 12:52