Пенал рулетот за Реал Мадрид, Баерн ја спасува сезоната со ново полуфинале

По спектакуларниот огномет минатата недела, вечерва на „Етихад“ во Манчестер, Сити и Реал одиграа потврд натпревар со само два гола, па следуваа продолженија и сурови пенали. Баерн Минхен по ремито во Лондон 2:2, вечерва го доби реваншот на свој терен и славеше 1:0 против Арсенал за ново полуфинале во Лига на шампиони со кое некако ја вади сезоната во финишот.

Лига на шампиони, 1/4 финале, резултати:

МАНЧЕСТЕР СИТИ - РЕАЛ МАДРИД 1:1 (0:1) вкупен резултат 4-4, на пенали 3:4
/Де Брујне 76' - Родриго 12'/

Пеналите:

Бурното славје на Реал Мадрид по последниот пенал

БАЕРН МИНХЕН - АРСЕНАЛ 1:0 (0:0) вкупен резултат 3:2
/Џошуа Кимих 63'/

Полуфинални парови:

БАЕРН МИНХЕН - РЕАЛ МАДРИД (1. мај, реванш 7. мај)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ПСЖ (30. април и реванш на 8. мај)

17 април 2024 - 23:00