Патот и головите на непобедливата Југославија до Мундијалот 1990

Ова во наслов „непобедливата“, не е кажано колку за илустрација колку биле јаки, туку дека до нивното последно учество на едно Светско првенство, навистина стигнаа без пораз. Прашајте го Мишел Платини кој беше жртвата.

Пред распадот на Југославија, земја со светски моќен колектив во повеќе спортови, фудбалската селекција обезбеди пласман на СП 1990 и ЕП 1992. Европското за жал не го одигра бидејќи доби забрана од УЕФА, а со Мундијалите се прости во Италија.

И претходеа квалификации во групата број 5 кои ако ги погледнете веројатно ќе помислите тука фаворит број 1 за прво место е Франција. Но тоа беа други времиња во кои стравот меѓу другите го сееше и неповторливата и незаменливата Југославија која држеше лекции по фудбал.

Дел од овие златни дечки, во 1987-ма отпатуваа во Чиле да учествуваат на Мундијалот за играчи до 20 години. Ги испратија тивко со еден новинар, чисто како учесници, а се вратија херојски како светски прваци.

Во квалификациите за СП Италија 1990, Југославија покрај со Франција се падна во група и со Шкотска, Норвешка и Кипар. Одиграа осум меча во кои никој не успеа да ги победи.

Кипар и Норвешка ги совладаа по два пати, а со Шкотска и Франција имаа скор од две победи и две нерешени.

Прв стрелец во тие квалификации беше Дејан Савичевиќ со 3 гола, Среќко Катанец, Драган Стојковиќ – Пикси, Фарук Хаџибегиќ и Златко Вујовиќ постигнаа по 2, а Дарко Панчев, Предраг Спасиќ, Вујадин Станојковиќ и Сафет Сушиќ по еден.

Со силната Југославија на тој Мундијал отпатува и Шкотска, а извиси Франција предводена од селекторот Мишел Платини кој во состав имаше играчи од типот на Ерик Кантона, Жан Пјер Папин, Дидие Дешамп и Лорен Блан.

Ова е само кусо навраќање од доминантната Југославија кога мава на носталгија.

Уживајте во головите

Тука Кобра фали

Сите учесници на СП 1990