Она кога џабе се трудиш да му ја земеш на Зидан и кога ти е колега

Репрезентативецот на Србија и Црна Гора, Зоран Мирковиќ на времето ја имаше таа чест да игра во Јувентус заедно со Зинедин Зидан, ама изгледа не знаел добро кој е Зинедин Зидан.

Мирковиќ, кој ја заврши кариерата во Партизан пред 10 години, беше член на Јувентус од 1998-ма од 2000-та каде замина од екипата на Аталанта.

На првиот тренинг имал такви маки со докторот за фудбал, што Марчело Липи морал да го стопира тренингот и да му даде до знаење што не треба да прави.

Приказната оди вака:

„Се сеќавам на мојот прв тренинг во Јувентус како да беше вчера. Трчавме со панцири од 10 килограми, а пред крајот на тренингот нè поделија во две групи за да одиграме партија фудбал.

Кога го нападнав Зидан, не знаев што ме снајде. Два пати ми ја протна топката кроз нозе, а Марчело Липи го прекина тренингот и ми рече:

Ти си нов и не знаеш. Овој е Зидан и ние него не го напаѓаме. Покривај си го твојот дел од теренот, а него остави го да игра тоа што сака. Не дозволуваj да испаднеш будала непотребно“.

Ископавме една стара снимка од Зидан во Јувентус каде го прави оној типичен негов дриблинг полн со елеганција.

А овде е пензионер со легендите на Реал Мадрид.

29 декември 2016 - 11:12