Новиот стадион на Атлетико за 67.000 гледачи

Дуелот со Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите беше последен европски меч на „Висенте Калдерон“. Атлетико Мадрид од август ќе игра на својот нов ултра-модерен стадион.

Новиот стадион „Ванда Метрополитано“ е предвиден за 67.703 гледачи. Го чинел клубот 240 милиони евра. На местото на легендарниот „Висенте Калдерон“ кој ќе биде срушен ќе се изгради Парк на Атлетико Мадрид.

Вака ќе изгледа новиот стадион: