Таг: нов стадион

Откриен проект на една од двете компании за новиот стадион Сан Сиро

Популус е американски гигант, архитектонска компанија која се занимава со проекции и изградба на спортски арени, стадиони, сали. Тие се близу да ја добијат работата од градот Милано и клубовите Интер и Милан, да почнат со изградба на новиот стадион наместо легендарниот Сан Сиро.

Ќе се руши легендарниот Сан Сиро - стадион со најбогата историја

Налик на средовековен храм, „Сан Сиро“ претставува величествена арена која не може да се споредува со кој било друг стадион на светот. Гигантски голем, дом на миланското дерби и со големите црвено-црни и сино-црни знамиња по оградите е нашето детство и наша младост.

Феноменалната атмосфера на новиот стадион на Тотенхем

Чекаа, чекаа и конечно дочекаа да гледаат фудбал на неверојатно модерниот стадион на Тотенхем, вреден близу милијарда фунти. Хотспур веќе прослави две победи на оваа Арена, од кои една против Манчестер Сити (1:0) во Лигата на шампионите.

Необичен начин на точење пиво на новиот стадион на Тотенхем

Тимот од северен Лондон уште пред неколку месеци го заврши новиот модерен стадион, но и натаму игра на „Вембли“ поради некои финеси пред отворањето на новата арена.

Германската фудбалска култура е чудо

Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.

За Де Лаурентис стадионот на Наполи е крш како полски нужник, му се сели во Бари

Во пресрет на стартот на Лига на шампиони, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис признал дека ама воопшто не му се допаѓа состојбата на стадионот „Сан Паоло“.

Операцијата успешна, пациентот Тотенхем

Во понеделникот вечерта Тотенхем ги разочара сите кои чекаа да го видат новиот „Вајт Харт Лејн“. Клубот потврди дека го одложува отворањето на неопределено време, а екипата ќе игра уште минимум неколку меча на „Вембли“ како и лани.

Новиот стадион на Тотенхем ќе биде чудесен

На 14 мај 2017 година мечот Тотенхем - Манчестер Јунајтед беше последен во историјата одигран на стадионот „Вајт Харт Лејн“. 36-илјадниот стадион отворен во далечната 1899 година го срушија.

Како навивачите на Тотенхем се простија од својот храм

Премиерлигашкиот меч Тотенхем - Манчестер Јунајтед беше последен во историјата на стадионот „Вајт Харт Лејн“. 36-илјадниот храм на „Мамузите“ отворен во 1899. година, годинава ќе биде срушен.

Новиот стадион на Атлетико за 67.000 гледачи

Дуелот со Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите беше последен европски меч на „Висенте Калдерон“. Атлетико Мадрид од август ќе игра на својот нов ултра-модерен стадион.

Брајтон - Новата англиска фудбалска бајка

По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.

Новиот стадион во Краснодар со мегаломански екран

Рускиот град Краснодар има околу 780.000 жители и ултра модерен стадион кој беше отворен на 9. октомври кога пријателски меч одиграа Русија и Костарика.

Како ќе изгледа новиот стадион на Атлетико Мадрид

Еден од двата најголеми клубови од Мадрид од следната сезона ќе заигра на нов, модерен стадион. Веќе 4.500 сезонски влезници се продадени за следната година, а новиот дом на Атлетико Мадрид ќе собира околу 67.000 гледачи.

Излегуваш на улица и 10 луѓе го сликаат твојот дом

Човекот кој на 5 години првпат бил на стариот Хајбери, 36 години подоцна живее во стан на Западната трибина од каде низ прозорот гледа на некогашниот терен и се сеќава на амбиентот на овој легендарен стадион.

Најверниот навивач на светот е од Истанбул

Откако Фенербахче и Галатасарај изградија нови стадиони, дојде редот на Бешикташ кој гради ултра модерно здание со капацитет од 43.500 места. Бабичката Миријам која има 100 години ја замолила управата на Бешикташ да го види новиот стадион, затоа што се плаши дека нема да го дочека отворањето. Управата на клубот ѝ излезе во пресрет и она го виде стадионот од болничка постела во живо.

Како Лион го отвори новиот стадион?

Стегнатоста и стравот од терористичките напади пројде. Во Лион во саботата на големо се прослави отворањето на новиот стадион Стад де Лумиер со мечот Лион - Троа.