Нов пехар за Германците за 1000 денари

Германските репрезентативци за време на лудото славје не успеаа Златниот пехар да го сочуваат цел, но не се први со таква беља.

Светските шампиони беа пречекани во Берлин од половина милион луѓе, а во големата славеничка атмосфера целосно се внесоа и на бината се претставија со кореографија во која настрада Златниот пехар.

„Еден мал дел од пехарот недостасува, но не се секирајте имаме специјалист за вакви проблеми кој може да го реши. Истражувавме кој играч ја направил штетата, но не откривме“, изјави претседателот на Германската фудбалска федерација, Волфган Нирбах.

Оригиналниот Златен пехар од Мундијалот во Бразил изнесува 10 милиони евра, но ФИФА на шампионите им даде реплика, а тоа е пракса. Ако мајсторот не успее да го поправи може да си купат нов кај Јарбас за илјадарка.

21 јули 2014 - 10:30