Нов фудбалски срам, нè стигна и Косово

Во јуни минатата година пишувавме дека Курасао се наоѓа на 134-та позиција на ранг листата на ФИФА, а Македонија на 139-та. Сега ние сме на 165-то место, а островот од Карипското море со 150.000 жители е 73-ти или повеќе од двојно погоре од нас. Срамотилаци.

Македонската фудбалска репрезентација оствари нов историски пад на најновата ранг листа на ФИФА. 2016-та година ја заокруживме на рекордното 162-ро место, а новата 2017-та со три места подолу во друштво на селекцијата на Косово која вчера почна да игра фудбал.

Две места под нас се Лаос и Кувајт, а подобри од нас се Сингапур, Молдавија, Малезија, Аруба, Гренада, Мјанмар, Танзанија и ред други фудбалски аутсајдери кој веќе е резил да ги набројуваме.

Од нашите противниците во квалификацискиот циклус за СП 2018, Шпанија е 10-та, Италија 15-та, па Албанија (55), Израел (60) и Лихтенштајн (187).

На врвот се наоѓа Аргентина, а потоа следуваат Бразил, Германија, Чиле и Белгија. Франција и Колумбија си ги заменија местата и се наоѓаат на 6-та и 7-ма позиција, а потоа следуваат Португалија и Уругвај.

Оваа позиција можеби не е мерило за играта на нашите фудбалери во квалификацискиот циклус за Мундијалот во Русија, но што сакаме повеќе со само една остварена победа во 2016-та и тоа пријателска против Азербејџан.

9 февруари 2017 - 11:27