Нијанси одлучуваа во дуелот помеѓу ЈСП и Окта

Адмирал и Пекабеско славеа убедливи победи во вториот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија. ЈСП до тесна победа против Окта.

Адмирал маестрален во дуелот со НЛБ Банка
Адмирал 8-0(5-0) НЛБ Банка

Адмирал: Спасе Новковски 2’ 14’ Ненад Лазаревски 3’ Стефан Серафимовски 9’ 36’ Димовски Златко 12’ 34’ Филип Добревски 26’

Во дуеот помеѓу екипите на Адмирал и НЛБ Банка екипата на Адмирал влезе помотивирано со одлична поставеност во нападот. Кај НЛБ Банка беше воочлива нешто послаба игра во одбраната што му овозможи на Адмирал резултатски да се одлепи па на полувремето се замина со резултат од 5-0. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но Адмирал имаше своја вечер па продолжи со одличната игра со која стигна до победа од 8-0.

Нијанси одлучуваа во дуелот помеѓу ЈСП и Окта
ЈСП 4-3(2-2) Окта

ЈСП: Марјан Србиновски 4’ Сабит Хусеини 6’ Велко Серафимовски 28’ Љупчо Павловиќ 28’
Окта: Шеќо Личина 3’ Драганчо Ѓеорѓиевски 20’ 28’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Окта. Во текот на целото полувреме се играше егал натпревар и двете екипи успеа да постигнат по два гола и тоа Окта преку Личина и Ѓеорѓиевски, а ЈСП преку Србиновски и Хусеини за 2-2 на полувремето. Второто полувреме екипата на Окта прва дојде до водство преку Ѓеорѓиевски во 28-та минута по што следеше тајмаут од страната на Окта по кој екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и не само што успеа да израмни туку и да поведе со резултат од 4-3. Екипата на ЈСП остана со играч помалце што Окта не успеа да го искористи па го загуби овој натпревар со 4-3.

Пекабеско убедлив во дуелот со Раде Кончар
Пекабеско 7-1(2-0) Раде Кончар

Пекабеско: Маријан Величковски 5’ 11’ 38’ Петар Кипрановски 28’Дејан Неделковски 30’ Слободан Игнатов 38’ Бобан Вујиќ 40’
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 26’

Екипата на Пекабеско уште на самиот старт наметна висок ритам играќи брз и отворен фудбал во дуелот со Раде Кончар. Во текот на целото прво полувреме екипата на Пекабеско ја имаше иницијативата и во своите редови го имаше расположениот Величковски кој му донесе предност на Пекабеско од два гола на полувремето. Во второто полувреме екипата на Раде Кончар успеа да држи резултатска неизвесност се до самиот финиш кога Пекабеско целосно го скрши отпорот и стигна до победа на овој натпревар од 7-1.

1 март 2017 - 09:07