Не можеш така да градиш топка кога ќе те нападне Алфонсо Дејвис

Канада ја совлада Панама со 4:1 во мундијалските квалификации, а сите зборуваат за начинот на Дејвис го постигна голот за 2:1, односно како една скроз неочекувана ситуација ја претвори во гол. Канаѓаните изгледа сега сфатија каков играч имаат во репрезентација. Во транс се.

На дефанзивецот на Панама изгледа не му е јасно дека тоа е екстра талентираното дете, кое од бегалски камп од Гана, стана еден од најдобрите и најбрзи бекови на планетата.

Роден е 2000-та, а веќе ја игра својата четврта сезона за Баерн Минехн за кој има скоро 100 настапи и 10 трофеи.

Како оса му се сипа, а лани на Халанд му влезе и му ја зема топката со трк од 35,27 км/ч.

Инаку Дејвис испиша историја како прв играч во МЛС лигата роден 2000-та, а таму заигра на само 15 години за Ванкувер. Потоа Баерн го плати 22 милиони долари, а тоа беше рекорден трансфер во американскиот прволигашки фудбал.

Со Канада се бори за пласман на Светското во Катар, а тоа би било само второ мундијалско учество за оваа земја. Првото им е во 86-та.

14 октомври 2021 - 07:58