Натпреварот го заменил со бања па добил отказ

Оваа чудна пост новогодишна вест ни доаѓа од соседна Бугарија каде тренерот на Локомотив Софија отпушти свој фудбалер со образложение дека одбил да игра на важен натпревар против актуелниот бугарски првак затоа што имал нешто друго закажано.

Фудбалерите на Локомотив Софија имале тежок натпревар против лидерот на табелата во бугарското првенство, тимот на Лудогорец, а тренерот Стефан Генов го обвинил фудбалерот Мартин Димитров дека наместо да биде дел од мечот, тој одбрал да оди на бања со природна кал.

Локомотив Софија натпреварот го загуби со 4:0, а разлутениот Генов одлучил целосно да се откаже од услугите на 26 годишниот Димитров.

„За моето отпуштање дознав од медиумите. Ми се јави директорот на клубот Кристијан Добрев и ми рече дека тренерот нема повеќе да ме повикува во составот. Мислам дека ниту еден професионален фудбалер не би му рекол на тренерот такво нешто за кое што сум обвинет. Ова е некаква шега. Навреден сум бидејќи се работи за клуб од моето детство", негира Димитров.

Фудбалерот од средниот ред имаше 39 настапи за Локомотива, а претходно го носеше дресот на Черноморец и Несебар.

Димитров оди во исто друштво заедно со Никлас Бентнер.

2 јануари 2014 - 16:04