Насилните навивачи во најдипломатскиот град во Европа

Во споредба со нив, навивачите на Феенорд и Ајакс се господа. Живеат во градот кој важи за симбол на судството, а во исто време се антисемити, насилни и опасни.

Основани во 1977 година, под името на една позната битка од Втората светска војна, Северна страна (North Side), хулиганите на Адо Ден Хаг направија сè да го нарушат митот за најпацифичкиот град во Европа.

Ден Хаг е град со голем контраст. Од една страна мирна река, покрај која стојат амбасади и меѓународни институции (Хашкиот суд), Палатата на мирот, зданието Хујс тен бош. За да го запознаете другото лице на градот, треба да отидете на стадионот Ѕуидепарк.

На околу 26 илјади странци кои живеат и работат во овој реон близу стадионот, често им се советува во недела попладне да го заобиколат на големо крајот Ескамп. „Стоите на страна, таму се холандските Милволци“, пишуваат британските таблоиди, правејќи паралела со најкрволочните англиски навивачи.

Во 80-те години, стадионот на жолто-зелените изгледаше како бојно поле. Бесни хулигани и тепачки на секој дел од стадионот, пиротехника и амбулантни коли. Во 1982 година, кога Адо Ден Хаг испадна во втората лига, групата Норт Сајд реши да го демолира својот сектор. На 1 март 1987 година отворија фронт со навивачите на Ајакс.

И не прават проблеми само дома, туку и на гостински терен. Кога гостуваат во Амстердам или Ротердам, на нозе се сите полициски бригади, а во помалите места се спуштаат тенди и се затвораат продавници.

Ситуацијата делумно се смири во 1992 година, кога на оние најлошите им понудиле да работат како редари на Ѕуидепарк и да се грижат за безбедноста. Резултатот? Помалку инциденти, но не како што се очекуваше дека волците ќе се претворат во ангели. Во 2004 година со расистички скандирања и навреди, го прекинаа натпреварот со ПСВ Ајндховен. Норт Сајд во Европа има неколку скриени пријателства, од кои најзначајни се оние со ултрасите на Јувентус и Легија Варшава. Во Холандија најмногу ги мразат Ајакс, ПСВ и Феенорд.

(25 години пријатели засекогаш) Јувентус - Ден Хаг.

Ден Хаг има две титули во Холандија и тоа освоени за време на Втората светска војна (1942 и 1943). Но од 1956 година, од кога официјално постои Ередивизија, често играа во втората лига (Ерстедивизија) и неколку пати беа пред банкрот.

Седмото место освоено во 2011 година го славеа како да го освоиле првенството, само затоа што Ден Хаг обезбеди излез во Европа (испаднаа во претколото од Омонија Никозија). На тој натпревар, домашните навивачи им украдоа едно знаме на Кипраните, што во навивачкиот свет се смета за голема победа.

Сепак, Ден Хаг има и славни моменти, во '60-те години, кога тренер на клубот беше виенскиот „магионичар“ Ернст Хапел. Големиот Ернст го предводел Ден Хаг од 1962 до 1968 година, а клубот под негово водство играше три пати во финалето на холандскиот куп.

Во 1975 година на клупата седнува легендарниот Вујадин Бошков, кој ќе го одведе Ден Хаг до трофеј во холандскиот куп. Од познатите играчи во Ден Хаг играл Дик Адвокат, кој подоцна станува тренер и Елијеро Елија кој заигра во Јувентус а сега е во Саутемптон.

Стадионот Ѕуидепарк е реликвија од минатото. Неколку километри поисточно од него се роди Киочера Стадион, направен од скапоцен алуминиум крај непрегледните автопати. На новиот стадион на Ден Хаг атмосферата не е како на стариот стадион, а Норт Сајд се речиси безгрешни и не прават проблеми како во минатото.

Киочера Стадион се отвори во 2007 година и го носи името на познатата компанија за електроника, која ја финансираше изградбата. Навивачите на Ден Хаг се противеа на ова име и потпишуваа петиција за стадионот да се вика Ад Мансвелд, клупска легенда со 559 настапи во жолто-зелениот дрес и 6 за Холандија.

Инаку, три часа пред почетокот на мечот, 112 редари го претресуваат секој од 15 илјади гледачи, знамињата мора да бидат без никаков стап, а строго се забранети и бакљите и петардите. Во посебна сала на стадионот постојат 22 монитори на кои се гледа секој детаљ снимен од 112 камери. Ако уловат некој што прави проблеми, го зумираат и снимките ги доставуваат до полицијата.

За влегување во терен те чека нешто многу полошо од редари и полиција. Ти следува 10-годишна забрана за влез на стадионите и плаќаш казна од 15.000 евра. Оди па влези.

Во близина на стадионот Киочера има улица долга 5 километри и таа е предвидена за гостинските навивачи, кои на стадионот се заштитени од плексиглас. Сепак тој плексиглас не помогна да се избегнат скандирањата за време на мечот Ден Хаг - Ајакс во 2011 година. Поради тоа што Ајакс важи за еврејски клуб, основан од евреи, хулиганите извикуваа „Hamas, Hamas, Jews to gas“.

Скандираше и Лекс Имерс, сега број 10 во Феенорд, кој тогаш заработи суспензија од пет натпревари.

Омразата е најголема кога играат против Ајакс:

 

25 март 2015 - 11:14