Наполи на мегдан со Волфсбург, Фиорентина ќе патува во Киев

По извлекувањето на четвртфиналните двојки во Лига на шампиони, во Нион беа извлечени и следните соочувања во нокаут фазата од второто по ранг клупско европско натпреварување

Фудбалерите на Севиља кои се бранители на титулата за противник го добија Зенит, а Волфсбург кој во претходната фаза го елиминираше Интер, повторно ќе се соочи со италијански противник.

На останатите четвртфинални дуели од Лига Европа Фиорентина го доби Динамо Киев, а Днипро се падна со Клуб Бриж.

Четвртфинални двојки ЛЕ:

Севиља - Зенит
Днипро - Клуб Бриж
Динамо Киев - Фиорентина
Волфсбург - Наполи

Првите натпреварите се играат на 16 април, а реваншите се на 23-ти истиот месец.

20 март 2015 - 13:18