Наместениот жолт картон на Кембел

Ди Џеј Кембел од Блекбурн е еден од шестмината уапсени местачи кои деновиве ја потресоа јавноста на островот во скандал со местење натпревари, а како што објавија англиските медиуми неговата задача била да добие жолт картон.

32 годишниот фудбалер настапуваше во Премиер лигата за екипите на Блекпул, КПР и Бирминген, но сомнителниот момент за кој се претпоставува дека намерно го исценирал е добиениот жолт картон на натпреварот во Чемпионшип лигата помеѓу Ипсвич и Блекбурн.

Мечот се одигра пред девет дена, а напаѓачот на Блекбурн во 25 минута го прави вториот груб старт за кој го добива договорениот жолт картон во замена за пари.

10 декември 2013 - 16:38