Најжестокото мадридско дерби се игра во Лесковац

Големите градски ривали од Шпанија не водат битка само на Сантијаго Бернабеу и Висенте Калдерон, туку ги има и на 160 км северно од Скопје. Во оваа верзија претседателот на Реал истовремено им е шофер на играчите, а се обидува ривалите да ги потплати со мито од 20 евра да глумат дека се болни.

Во Србија постојат два клуба кои се викаат Реал и Атлетико и кои се наоѓаат во селото Долна Јајина на 2,5 километри од Лесковец. Местото има 1000 и кусур жители кои имаат водовод од 2005 година и големо фудбалско ривалство кое се одвива во Градската лига.

Клуб со многу подолга традиција е Реал кој е основан во 1947 година и на кој главен спонзор им е сала за свадби. Името не го добил по гигантот од Мадрид, туку по локалната фабрика. Нивниот ривал настанал откако претседателот на Реал, Бобан Цветковиќ имал несогласувања во клубот, па откако си заминал го основал Атлетико. Прекарот им е „Јорганџии“ бидејќи Бобан произведува јоргани, а откако го формирал новиот клуб повлекол и дел од играчите на Реал.

Ланското “шпанско“ дерби во Долна Јајина привлекло 100 навивачи кои знаат да викнат од публика: „па има бре околу 500-600 луѓе“, а го следеле во живо и новинари од Белград. Кога домаќините слушнале за големиот интерес, ја префарбале оградата, донеле лап топ и звучници.

На ден пред минатогодишното дерби капитенот на Реал за медиумите изјавил дека првиот човек на Атлетико му нудел 20 евра за да каже дека нема да настапи бидејќи се разболел. Приказната има и друга страна.

„Знаете што, они ме исфрлија од клуб. Реал беше згаснат, а јас допринесов повторно да оживее. Тие се исплашија дека јас тоа ќе го искористам за самиот да се промовирам и почнаа да вреѓаат и да зборуваат во село дека сум лопов", изјавил претседателот на Атлетико кој фудбалерите до терен ги вози со комби 800 метри.

Во Долна Јајина нема кафана, па играчите се собираат пред кооперација, но не во иста, а еден од поранешниот тренер кој ги водел и двете екипи е голубар. Минатогодишното дерби заврши 4:1 за Кралевите, а за годинашното најдобро ќе може да се информирате од репортажата на Ал Џезеира Балкан.

Дербито беше жестоко, со провокации, три црвени картони и победа на Атлетико од 2:1. Во пресрет на мечот фудбалерите се релаксираа со пинг понг, а стартот беше неизвесен поради дождливото време.

За платите и премиите на играчите не се зборува, а тие најмногу се пожалија на соблекувалните. За следното дерби челните луѓе на Реал и Атлетико најфраерски ќе биде да испратат писмо до Мадрид и да ги поканат на фудбал и лесковачка Роналдо, Меси и компанија.